Освен со плацот кај што ја купив колата, со ниеден друг плац немав позитивно искуство во поглед на однос со муштерии
Оној од Автобанда ги имаше скриено броевите на шасија на сите коли, и му викам "фала ти, ама колава за жал не е толку добра колку што е на слики" и вика "најбоље на пазар ти е ова, иди врти по плацеви пак ќе си дојдеш кај мене а тогаш попуст нема да има".
Друг плац пред Драчево, Фиеста гледам, предни стакла 08 код, задни стакла 09 код, предна и задна шофершајбна афтермаркет. На врата налепница за извршен сервис на 109.000 километри во 2011 година. Ми вика "друже колава невозена, ко нова е, земи пробај вози носи кај сакаш", викам "фала ти, не треба, поминував па да видам шо имате".
Трет плац, Фиеста исто, праќам другар да ја види и збориме на спикер додека ја обиколува колава. Како шо ми кажува другар ми маани, продавачот суфлира од страна со изговори
и му прекурчи изгледа, му вика на другаров "аман бе друже а ти што возиш чим најде толку маани на колава? Другар ти па, од салон да не купува кола?"
Само струмичанецот од кај што го зедов Митото не проба да ми продае муда за бубрези, си призна се од дефекти што најдовме, му понудив цена 650 евра пониска од огласената, ми рече да додадам уште 50 евра и со здравје да си ја возам