Јас претпоставувам дека реакцијата на
@SaleSk беше наменета повеќе на трендот да се продаваат старите гуми на форум штом се купат нови. Не знам, не го знам членот или членката (незнам кој стои зад псевдонимот SaleSK) лично за да тврдам со сигурност, како што кажав тоа е само претпоставка.
Во другите теми има детални дисертации дека потребно е да се возат добри и нови гуми, да се практикува користење на зимски гуми, да не се ризикува безбедноста на патниците заради лош пневматик.
А во исто време во темава продавам старите гуми на оглас во изобилие.
Демек си земав нови гуми, ај стариве да ги убитам за некој динар на некого, зашто да ги фрлам во ѓубре.