Лесно се средува имобилајзер ако се појави како проблем. Освен нели да не те остави на сред пат 
Лесно или не, кога ќе те заебе во село во Баварија некаде... Не е баш лесно...
Најчесто прегорува електромоторчето кое го движи “куренцето“ за заклучување/отклучување на воланот. Може да се премости со емулатор за отклучи/заклучи, ама во тој случај немаш заклучен волан. Втора опција за поправка е промена на електро-моторчето, ама за тоа треба спретен електроничар и добар електричар за коли. Едниот да ти го извади-стави компонентот и да го испрограмира повторно модулот, другиот да ти го прелеми моторчето и да не го уништи контролниот модул.
Трето, со лична карта и потврда за сопственост и 400 евра во мерцедес ти го средуваат за два дена.