Автор Тема: Mercedes C class w204 facelift  (Прочитано 3390 пати)

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Mercedes C class w204 facelift
« на: 29 Октомври 2017, 23:29:16 pm »
Здраво дечки, заинтересиран сум од Германија да донесам Мерцедес Ц класа 2012 - 2013 година модел 200 или 220 цди па ме интересира кои се слаби страни на тие модели. Или да си додадам некоја иљадарка и да си купам нов гољф :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2017, 09:46:57 am »
Купи си ГоЉф и биди си рает. :)

Он-топик: Мислам дека се солидни количиња. Можеш комотно да земиш. Не сум слушнал лош муабет за овој модел.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2017, 09:51:34 am »
Јас имам пред фејслифт. Слаби страни, електрониката на имобилизерот. Кога-тогаш ќе ја правиш. Само да не те остави на сред пат. Друго, поспецифично или карактеристично... нема.

Една од најдобро склопените коли во поновата авто-индустрија.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2017, 09:54:51 am »
Лесно се средува имобилајзер ако се појави како проблем. Освен нели да не те остави на сред пат :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2017, 10:06:29 am »
Лесно се средува имобилајзер ако се појави како проблем. Освен нели да не те остави на сред пат :)

Лесно или не, кога ќе те заебе во село во Баварија некаде... Не е баш лесно...

Најчесто прегорува електромоторчето кое го движи “куренцето“ за заклучување/отклучување на воланот. Може да се премости со емулатор за отклучи/заклучи, ама во тој случај немаш заклучен волан. Втора опција за поправка е промена на електро-моторчето, ама за тоа треба спретен електроничар и добар електричар за коли. Едниот да ти го извади-стави компонентот и да го испрограмира повторно модулот, другиот да ти го прелеми моторчето и да не го уништи контролниот модул.

Трето, со лична карта и потврда за сопственост и 400 евра во мерцедес ти го средуваат за два дена.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #5 на: 30 Октомври 2017, 10:08:51 am »
Мајстор Пајо во Скопје ќе го среди ;D

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1549
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #6 на: 31 Октомври 2017, 13:48:23 pm »
Јас имам ц200.
Прво прашај си околу давачките.
Мана за која знам е водна пумпа - ја сменив на 140к .
Друга забелешка немам.

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Mercedes C class w204 facelift
« Одговори #7 на: 31 Октомври 2017, 16:51:14 pm »
Лесно се средува имобилајзер ако се појави како проблем. Освен нели да не те остави на сред пат :)

Лесно или не, кога ќе те заебе во село во Баварија некаде... Не е баш лесно...

Најчесто прегорува електромоторчето кое го движи “куренцето“ за заклучување/отклучување на воланот. Може да се премости со емулатор за отклучи/заклучи, ама во тој случај немаш заклучен волан. Втора опција за поправка е промена на електро-моторчето, ама за тоа треба спретен електроничар и добар електричар за коли. Едниот да ти го извади-стави компонентот и да го испрограмира повторно модулот, другиот да ти го прелеми моторчето и да не го уништи контролниот модул.

Трето, со лична карта и потврда за сопственост и 400 евра во мерцедес ти го средуваат за два дена.

А постои и веројатност тоа да е средено во фејслифт моделот