Ајде да се вратиме на темата. И мене ми изгледа Клиото подобро, прашував за моторот каков е, некој што вози клио нека каже, јас возев флуенс рено, не беше лошо, не беше ни добро до душа....онака. Газовите беа во друга држава ако треба у рикверц да влезеш негде хехе. Инаку за тие пари нема друг избор на добра или ок кола, тие се, а ако гледате од 11000 нагоре фала богу дека има, еве и цитроенот дизел елисее како се вика, ама па 12000+ ке излезе. Сузукито стварно е убаво, па е 12000 не го зборете као 11000 да е, скоро 12000 се, сосе трошоци и повеќе. Е сега некој ке рече па дај уште 1000е и ете, ама дај уште 1000 влегуваме во друг сегмент, па после дај пак уште 1000 за да биде добра и таа од тој сегмент. Инаку немам фамилија засега, па нека биде полично док не стигнат децата еве...
Риото е убоо ама не ме бендиса со вожња, некако многу фамилијарно ми дојде а супер количе изгледа, па ке треба пари за појак мотор да давам или штознам, а клиото иде и бандаши и опрема, е боја нема, што вика еден да се ценкам за металик и тоа е...
Од стари коли поло највеке ми оставило впечаток, кутрото шлајфуваше и во 3та а обично беше, фиестата е тврда ама за низ град у втора никој не те стига хахаха толку и е....
За стари 208ци и други поентата е коа излегува нов модел веќе не ги произведуваат веќе, ептен ако се најде по салон некое што останало, ама нема кај нас, бев .... а клиово фактички уште го произведуваат, ова во април што ке стигне ке стигне од фабрика, и тоа е голем плус, не е некое заостанато по салон...
И така мислам дека се решив дека ке биде клио, може сеа да зборите кој какво возел клио и какви искуства има....инаку стварно забегавте со темава
Поздрав и фала за советите, сепак ме оттргнавте од Спејс Старот, и со оглед на опцијата се согласувам, веројатно прво го гледав дека беше толку ефтин, а и добро го направиле однадвор сега, ама....енд оф комент