Имам свифт унгарски 15 години има, внатре е се како што било и пред 15 години, тврди пластики да, ама ништо не е излижано, се си функционира перфектно.Можеби е и до одржувањето, со што се чисти ентериерот, дали е гаражиран, изложен на сонце итн....
Тоа е тој компромис. Нема штофови, на нивно место пластики ама затоа се трајни. Јас имам Спарк што се вози секој ден, внатре се е пластика ама затоа е како вчера да излегло од салон. Тврдо ама трајно.
Јас ќе бидам искрен, нема да ти правам лице, возилово ич не ми се допаѓа. Не сум имал време ама да сум имал ќе сум го ставел повеќе пати во темата за најгрди аута. Исто и новиот Ignis, дизајнов ми е како некој со сила да сакал да го упропасти. Но тоа е субјективна работа видена низ мои очи, не треба кај тебе тоа да побудува никакви чувства

За разлика од дизајнот, многу ми се допаѓа хибридниот погон. Треба вакво нешто да оди кај секое ново возило, да стане стандардна опрема.
Со здравје да си го користиш и да го изнавозиш. Сними некое видевце какво забрзување има кога ќе се разработи троа моторот. Сега зимски гумичиња да му накалемиш едни, да го поминеш со восок да го заштитиш за зимата.
А кажи ми, електромоторот има некаква асистенција при забрзување за дополнителна сила или само асистира при тргање?