Еве и јас да се претставам со ново возило, додуша повеќе е од понежната половина, ама ептен ми прави ќеф и мене

.
Земено е пред една недела ново, многу мислење околу изборот на возилото и немаше, повеќе се мислевме за бојата отколку за возилото, пошто откако излезе новиот свифт знаев дека ќе биде тоа, а и уште еден свифт имаме веќе 15 години и одлично не служи, па дилеми околу изборот немаше.
Моторчето е 1.2 90кс плус електро мотор и батерија која што му помага при тргнување, така да му доаѓа нешто како полухибриден систем, бидејќи возење само на струја јок
Од опрема нема што нема ама буквално, дури и работи што не ги очекуваш од кола од оваа класа

Еве ќе набројам дел:
- Старт/стоп систем, 4,2 инчен диспеј во боја, 7 инчен екран осетлив на допир, камера за паркирање назад, навигација, key less пристап и стратување без клуч, hill hold, aл.фелни 16", прилагодлив темпомат, радарска подршка за сопирање, автоматска клима, автоматско гасење на долги светла, предупредување за напуштање лента, предупредување за поспаност, ЛЕД фул светла напред назад, грејачи на седишта, затемнети стакла назад...
Викендов тест возење до Солун, па ќе Ви пренесам информации околу потрошувачка, возни особини и слично.
Сликиве не се баш најдобри ама ќе следуваат подобри
https://imgur.com/pRSy8Dihttps://imgur.com/VTgKazWhttps://imgur.com/jm0lCfThttps://imgur.com/oKmmZxL