Еве го моето видување за Голф 7.5 1.6ТДИ.
Возилото го возам веќе една недела, секој ден во сите можни услови кои што вообичаено и нормален корисник би го возел.
ВНАТРЕШНОСТ
Изработката е многу прецизна, и добро изведена. Сите пластики се склопени со точно предвиден преклоп и напрегање со цел да не се јавуваат крцкања при возење.
Горниот дел од шалт таблата, местото на вратите каде што се потпираат лактите, рачките, воланот, менувачот, потпирачот за рака се направени од меки и пријатни материјали.
Кратко кажано секаде каде што ќе допреш и имаш потреба да допреш, допираш мек материјал.
Најчесто материјалот е мека полиуретанска пена со текстура на некаква кожа.
Оваа пена ја има на шалт таблата горе под ветробранското стакло.
Воланот има убава форма, изработен е од некаква кожа, која што неможам да кажам дека е вистинска, истата кожа е употребена за менувачот и рачката од вратата. Пријатни се на допир, не мрдаат, не крцкаат.
Делот кај вратите каде што вообичаено ги потпраме лактите е изработен од штоф со добра цврстина и е доволно крут, и истиот штоф е употребен и кај потпирачот за раката на средина.
Седиштата се удобни, изработени од штоф и делуваат дека се квалитетно изработени.
Дупките кај вратите каде што се оставаат ситници, шише за вода и во касетата пред совозачот има теписонска постава која што не дозволува да има тропкање или крцкање од предметите што се ставени во нив.
Тука некаде завршува финото и убавото во ентериерот.
Горе споменатите “убави” работи ги има и во Шкода Октавија, Сеат Леон, Форд Фокус. Единствено кај фокусот централната конзола е малку по пластична и знае да крцка. Кај другите возила квалитетот е речиси ист.
Сите останати површини во колата се пластика. Дебела, темно сива, крута, текстурирана пластика. ПЛАСТИКА. Во ред, неможам да кажам дека пластиката крцка, бидејќи не крцка речиси никогаш, ама истата пластика не крцка ниту во Шкода Октавија ниту во Сеат Леон. (Намерно споредувам со Октавија и Леон во контекст на дискусијата од претходно)
Во кабината е тивко и нормално до 90 км/ч, после тоа е бучно и мачно. Вибрациите и буката од дизел моторот, за мој вкус се преголеми и неможам да кажам дека возилво е тивко и пријатно за возење на подолги релации. Едноставно не е.
На видеото може да видите колку е бучно внатре при 50 и 150 км/ч. Видеото е мое, јас го снимав возилот е тоа што го постирав во претходниот пост.
МОТОР
Моторот е жилав од 1200 до 3500 вртежи. Толку. Над тоа само урла и тресе, но не влече како што влече при старт.
Менувачот со 5 степени целосно го утепува севкупниот впечаток на возилото. 120 км/ч се постигнуваат со 2500 вртежи, буката при тоа во кабината е многу висока и непријатна за оваа класа на возила, и при тој режим на борд компјутерот покажуваше 5.3-5.5 литри. Буката до 120 км/ч доаѓа комбинирано од моторот, гумите и струењето на воздухот. На 140 км/ч буката од воздухот е толку силна што неможеш да правиш нормално муабет во кабина.
На видеото може да видите дека при разминување со други возила на локален пат, се слуша буката од возилата кои ве резминуваат исто како да имате отворено прозор.
Кратко кажано, звучната изолација на возилово е дискутабилна.
Возилото е со значително повеќе опрема од онаа што ја имаше тест возилото на Карклуб и верувам дека е со истиот акустичен сетап и изолација како и тоа од тестот.
Искрено, очекував дека голфов е смалена верзија од Пасат. Таму звучната изолација е на солидно ниво, и на сосема друго ниво од Голф. Но за жал, не е така.
Доколку сега би требало да фукнам 16.500 евра на ново возило, сигурно не би ги дал за Голф. И никогаш не би ги дал за 1.6 дизел со пет степен менувач.
Толку од мене.
Чао.