Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 557458 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1200 на: 16 Ноември 2014, 18:45:35 pm »
Јас за дизелот мислев. Да, го сјебаа на Лукоил и сеуште е сјебан. Засега МП со подобар дизел. Но како што све е менливо.....

Место да дојде еден саглам OMV....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1201 на: 16 Ноември 2014, 19:01:28 pm »
Филозофија - нефилозофија.. незнам, ама стара кола одма приметува!
Гледате шо вика Мартин со Фиќото...
Ова истово јас го потврдувам од исти извори

Онак, стварно нешто се случи со плинот од макпетрол...
Горивото во зимо му е особено лошо.
Мојата е чувствителна на лошо гориво пошто троши многу масло и треба убав плин за да работи добро. На макпетрол работи лошо на лер, масти свеќици и тн...
А истово не е случај во лето, тогаш сето си е нормално потполно!

Што ти е крив плинот што моторот ти е за ремонт и ти троши масло?

Отсутен Suman

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 84
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1202 на: 16 Ноември 2014, 19:48:09 pm »
Почнав да ја читам темава однапред, па одзади, и се изгубив низ препораките и критиките.
Во моментов, која пумпа би ја препорачале за дизел. МП, Окта, Лукоил или нешто четврто?

Лукоил.


TOP TREJD na patot za bardovci, dizelot e odlicen, probaj ..

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1203 на: 16 Ноември 2014, 19:50:32 pm »
Дали би сакале да донираме кој колку може и да си направиме едно испитување од 10-тина пумпи низ поголемите градови во МК?
Изводливо е?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1204 на: 16 Ноември 2014, 20:18:47 pm »
Нормално дека е изводливо, сите точат од различни пумпи... Ја на пр. стално експериментирам, ама врти-сучи, како и да се свртиш-г'зот ти е отпозади, така да бесцелно е мислам :/

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1205 на: 16 Ноември 2014, 21:18:40 pm »
Колку кошта една таква анализа и кој ја прави кај нас?
Пред неколку години вака возачите во Хрватска од ИНА успешно си инкасираа огромни оштети.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1206 на: 17 Ноември 2014, 01:13:23 am »
Филозофија - нефилозофија.. незнам, ама стара кола одма приметува!
Гледате шо вика Мартин со Фиќото...
Ова истово јас го потврдувам од исти извори

Онак, стварно нешто се случи со плинот од макпетрол...
Горивото во зимо му е особено лошо.
Мојата е чувствителна на лошо гориво пошто троши многу масло и треба убав плин за да работи добро. На макпетрол работи лошо на лер, масти свеќици и тн...
А истово не е случај во лето, тогаш сето си е нормално потполно!

Што ти е крив плинот што моторот ти е за ремонт и ти троши масло?

Леле мајко мила...


Ни плинот ми е крив, па ни ти ме разбра што викам. Ако е добар плинот колата вози нормално, а ако сосема малку се смени квалитетот на полошо - веднаш се чувствува на моторот! Со тоа можам лесно да увидам кој плин е добар , а кој е мешаници! капираш?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1207 на: 17 Ноември 2014, 22:13:26 pm »
Нормално дека е изводливо, сите точат од различни пумпи... Ја на пр. стално експериментирам, ама врти-сучи, како и да се свртиш-г'зот ти е отпозади, така да бесцелно е мислам :/
Ако минуваш низ Кавадарци пробај наточи од Гала (црна река) бензинската на излезот од градот према Росоман, голема разлика има во квалитетот на нафтата за разлика од Макпетрол,  мислам дека секојдневно директно грчка нафта увезуваат ......

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1208 на: 18 Ноември 2014, 00:15:28 am »
Баш планирам скоро да одам натаму и ќе танкирам обавезно. Кажи ми, Гала пунат и плин или...?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1209 на: 18 Ноември 2014, 00:15:44 am »
ееејјј да... ја во принцип сакам проверена нафта да турам... ама еднаш нешто се имав пресметано, и морав да застанам во црна река да турам нафта... морално беше... и смичка беше со мене тогаш... абе комбево како турбина да му проработе, со оглед на тоа дека претходно имав турено бајаги лоша нафта... очекував ако е подобра да биде нормална.. ова како чудо некое да се деси, бајаги помали ми беа очекувањата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1210 на: 18 Ноември 2014, 08:51:18 am »
Не знам како да кажу, ама бензините на Лукоил и Макпетрол се дијаметрално спротивни. Или имаат некој хемија внатре што различно влијае на одреден тип возила.

Јас ставав  блејзин исклучиво од Лукоил. Со 98-ката колата се осеќаше поживо него со 95-ката и потрошувачката беше одлична. Ставив еднаш 100-ка од Макептрол и вистина имаше осетна разлика во перформанс. Бар кај мене. Но, потрошувачката беше помеќу 1-1,5 литар повисока на борд, а нешто под литар на доточување (приметив дека на Макпетрол бензинот повеќе лажеше борд компјутерот, зошто појма немам). Потоа се вратив на Лукоил и повторно се врати се во нормала.

Е сега, пред извесно време повторно ставив 100-ка и се случи истото што го опишав погоре. И повторно заклучив дека на Макпетрол бензинот е многу подобар од на Лукоил кога станува збор за перформанси. Но со потрошувачката истото се случи. Разликата од претходно беше, што откако го истрошив, повторно наполнив од Макпетрол (идиот нели, колава троши литар на 100 повеќе, ама ако :) ). И следеше изненаѓење. Тој резервоар, потрошувачката се врати во нормала, а перформансот остана.

Спомнав горе за некоја хемија и дека горивата се дијаметрално спротивни. Единствен логички заклучок ми е дека на електрониката и е потрбно време/километри за да пресмета со што си има работа и да ја прилагоди работата на моторот според горивото.

#евенезнам

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1211 на: 18 Ноември 2014, 09:23:19 am »
Веројатно ако поубаво ти одела колата, си сакал повеќе да ја стискаш и затоа потрошило малце повеќе :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1212 на: 18 Ноември 2014, 09:29:48 am »
Не, не споделувам тркачки искуства :)
За реална експлоатација зборувам. КОлата се вози на истите релации и во ист стил од како е купена.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1213 на: 18 Ноември 2014, 10:02:22 am »
Макпетрол нафтените деривати ги набавува од Окта која 30 % рафинира нафта а 70 % увезува од Грција што значи дека е квалитетна нафта од сортата брент, а лукоил увезува нафтени деривати од Русија која е далеку полоша од дериватите на сортата брент...... за машината ти ди ај  не е проблем нафтата, ( стави масло, зејтин што сакаш) она ќе ја изгори и така и така затоа што е  made in germany машина, а за другите машини дци тдци цди  бла бла бла мора нафтата да е квалитетна, а за бензинот 100-ка одамна сум тврдел дека Макептрол е лидер.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1214 на: 18 Ноември 2014, 10:20:32 am »
Ќе сакаш да образложиш малце за ова „ти ди ај“ вс сите останати и неговата неуништливост?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“