Дизел ставам постојано од Макпетрол од 2008 наваму. Не сум имал никаков проблем ни со Меганот, ни со i30.
Всушност, со Меганот во една прилика осетив тромост на автопат, но тоа според мене беше резултат на неколку месеци градско возење. Го опалив со гас до даска, се расчури неколку минути и се си се врати во нормала.
Ништо многу поразлично немам осетено со наточено дизел надвор од МК. Не сум се ни трудел да пратам разлики

Бензин кај i10ката имав ставено неколку пати на Лукоил. Како да потроши помалку, но во градска вожња не се меродавни неколкуте полнења.
Повод за промената беше поради тоа што во сервис не можеа да детектираат точно од каде се појавуваат варијации во вртежите во лер и да се види дали ќе има промена со гориво од друга пумпа. Нормално, ништо не се смени и си продолжив од Макпетрол.