Пред десетина дена требаше да идам на подолг пат и наполнив 100 октански бензин на Макпетрол во Ново Лисиче.
Резервоарот беше скоро празен и полнењето беше "до капаче".
После интензивно возење на автопат 140-180 во една соседна држава (да не ги именувам "хората"), при исклучување од автопатот и влез во урбана средина се појави мирис во кабината, сличен на хидроген или хемиска реакција на хидроген.
Неможам точно да го опишам мирисот, но сопатничките од понежниот пол мирисот го идентификуваа како изгорена коса со хидроген.
Првично мислев дека е некоја реа или миризба од надвор, и не му обрнав внимание.
После 30 минути возење низ градски метеж, се паркирав на крајната дестинација. Миризбата сеуште беше присутна.
Нормално, отворив хауба да видам што е работата, и не успеав да воочам никаква аномалија што би довела до некаква појава на мирис.
Повеќето миризби кои што излагаат од возилата можам да ги идентификувам и точно знам од што се, но ова беше ново за мене и незнам од каде потекнуваше.
На враќање ја возев истата делница назад, со истото гориво, но надворешната температурата беше значително пониска и мирисот не се појави. Можеби температурата е фактор, можеби не, но беше единствената променлива во равенството за миризба, која што беше со друга вредност, и затоа го напоменувам како параметар.
Кога се вратив во Скопје, наточив 98 октанско од Окта, и истите услови неколку пати ги симулирав на обиколница. Миризбата не се појави.
Длабоко сум убеден дека горивото (особено 100 октанското) на Макпетрол е со компромитирачки квалитет, и мислам дека октанската вредност ја бустаат со етанол. Моја претпоставка е дека горивата им се некаде околу 90 октани, и соодветните 95 и 100 октани ги постигнуваат со адитиви и етанол.
Претходно точев исклучиво на Топ Трејд, и овој излет со Макпетрол ми беше прв после 7-8 месеци.
Моментално 98 октанското од Лук Оил е пристојно, и нема некаква нус појава. Напротив, имам субјективно мислење дека возилото работи посмирено и дека има околу 0.5 литри намалена потрошувачка.