Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 753268 пати)

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2640 на: 02 Декември 2018, 08:11:47 am »
Јас од 12 полнења годишно 10 ми се на белви мп бидејќи во близина работам, и ок ми е горивото и најточен ми бордот.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk


Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1465
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2641 на: 02 Декември 2018, 19:36:29 pm »

А наредна тура, ќе пробам и јас Топтрејд. Симо знае што праи гарант.
Појма неам брат ;D ;D   И дизел пунам таму, успат ми е, досега не сум имал замерки, ама па и некоја разлика од Макпетрол не можам да приметам. Пробај, истроши еден резервоар, може ќе ти се погоди..

Колега мој со Меган 2ка, имаше едно чудо проблеми со колата, разни не-палење, тропања, па наводно и пумпата била пред цркање.... По препорака на близок, му вика иди у Топ Трејд. Колава џоа нова. Проблемите ги имет снемано.

Некако мене шубе ми беше да идам по некои нонејм пумпи, ама еве наредно иде таму.
МП Козле/Илинденска/Партизанска/Излез СК никогаш проблем.

Како бе у државичево нема некој квалитететн добавувач, па човек и да плати нешто повеќе ама да вози гориво со константен квалитет.


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2642 на: 03 Декември 2018, 03:25:46 am »
Макпетрол на автопат карши Рафинерија спрема Куманово има очајно гориво. Глупаци од Макпетрол, наместо пумпата да им е растеретување на онаа од излез, кога се оди на Север, таму горивото очај.
Едвај чекам да го потрошам.
А наредна тура, ќе пробам и јас Топтрејд. Симо знае што праи гарант.
Сакаш да кажеш, сите бензински на макпетрол немаат исто гориво?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2643 на: 03 Декември 2018, 10:13:05 am »
Пред десетина дена требаше да идам на подолг пат и наполнив 100 октански бензин на Макпетрол во Ново Лисиче.

Резервоарот беше скоро празен и полнењето беше "до капаче".

После интензивно возење на автопат 140-180 во една соседна држава (да не ги именувам "хората"), при исклучување од автопатот и влез во урбана средина се појави мирис во кабината, сличен на хидроген или хемиска реакција на хидроген.

Неможам точно да го опишам мирисот, но сопатничките од понежниот пол мирисот го идентификуваа како изгорена коса со хидроген.

Првично мислев дека е некоја реа или миризба од надвор, и не му обрнав внимание.

После 30 минути возење низ градски метеж, се паркирав на крајната дестинација. Миризбата сеуште беше присутна.

Нормално, отворив хауба да видам што е работата, и не успеав да воочам никаква аномалија што би довела до некаква појава на мирис.

Повеќето миризби кои што излагаат од возилата можам да ги идентификувам и точно знам од што се, но ова беше ново за мене и незнам од каде потекнуваше.

На враќање ја возев истата делница назад, со истото гориво, но надворешната температурата беше значително пониска и мирисот не се појави. Можеби температурата е фактор, можеби не, но беше единствената променлива во равенството за миризба, која што беше со друга вредност, и затоа го напоменувам како параметар.

Кога се вратив во Скопје, наточив 98 октанско од Окта, и истите услови неколку пати ги симулирав на обиколница. Миризбата не се појави.

Длабоко сум убеден дека горивото (особено 100 октанското) на Макпетрол е со компромитирачки квалитет, и мислам дека октанската вредност ја бустаат со етанол. Моја претпоставка е дека горивата им се некаде околу 90 октани, и соодветните 95 и 100 октани ги постигнуваат со адитиви и етанол.

Претходно точев исклучиво на Топ Трејд, и овој излет со Макпетрол ми беше прв после 7-8 месеци.


Моментално 98 октанското од Лук Оил е пристојно, и нема некаква нус појава. Напротив, имам субјективно мислење дека возилото работи посмирено и дека има околу 0.5 литри намалена потрошувачка.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1465
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2644 на: 03 Декември 2018, 10:26:04 am »
Би требало да имаат. Ама немаат. Или се прават некои дубари на поедини пумпи. Досега проблем на МП сум имал на споменатава бензиска и онаа што беше стариот крш каде е исклучување за Дојран.  Другите немале проблем.
Лукоил одамна не ги почитувам бидејки квалитетот беше константно лош. Сите пумпи Дал се промениле којзнае.
Кај мене, ако горивото не е добро, поради користење на рејсчип, моторот си оди у сејф мод. Па морам да го откачам дур се потроши тој резервар. На МП одамна се нема десено, а на Лукоил на секое полење. Затоа и ги напуштив.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2645 на: 03 Декември 2018, 10:51:00 am »
Генерално излегува дека зависи од тура до тура. И јас прејдов на МП поради неколку лоши резервоари од Лукоил, а претходно па прејдов на нив поради неколку лоши резервоари од МП. Последен пат ставив од Лукоул, чисто да пробам, па ке видиме како ке оди. Други не сум пробал, ништо не ми е успат, а оверкил ми е да бркам некоја бензинска во драчево или слично.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2646 на: 03 Декември 2018, 10:56:28 am »
Јас наполнив  на Окта бензинската.
Ми беше уз пат..

Да не се заебав?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3345
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2647 на: 03 Декември 2018, 11:09:34 am »
Јас наполнив  на Окта бензинската.
Ми беше уз пат..

Да не се заебав?

Јас летото кога идев за Белград наточив 98 октанско од Окта во Ново Лисиче.

Скопје - Белград просечна со тоа гориво ми извади 7.6 литри.

Со други горива што сум возел сум терал некаде 5.5-6.2, со здраво возење над знаци.

На враќање ставив на Еко Петрол на Бубањ Поток српски бензин, до Скопје извадив 5.7.

Ќе видиш самиот како ќе се однесува возилото.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2648 на: 03 Декември 2018, 11:10:30 am »
Баш ќе видам..пошто фукнав за 3. :-X
До сега сум најчесто полнам 100 ка на МП и пола година просечната ми е закована на 10.2 градска.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2802
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2649 на: 03 Декември 2018, 11:21:44 am »
Neka me potseti nekoj, zosto seuste ne e vlezen nekoj svetski brend vo MK?

Edit: kvaliteten svetski brend.
« Последно менување: 03 Декември 2018, 15:23:09 pm M3V8 »


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2651 на: 03 Декември 2018, 12:26:29 pm »
 :-\

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2652 на: 03 Декември 2018, 14:50:39 pm »
И сеа кај има најквалитно гориво?
Сите викаат различно, едни макпетрол, едни лукоил имале нови резервоари едни топтрејд...

Се различно

Јас до сеа ставам де на лукоил де на макпетрол, некоја драстична разлика не осеќам...

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2653 на: 03 Декември 2018, 15:15:43 pm »
Би требало да имаат. Ама немаат. Или се прават некои дубари на поедини пумпи. Досега проблем на МП сум имал на споменатава бензиска и онаа што беше стариот крш каде е исклучување за Дојран.  Другите немале проблем.
Лукоил одамна не ги почитувам бидејки квалитетот беше константно лош. Сите пумпи Дал се промениле којзнае.
Кај мене, ако горивото не е добро, поради користење на рејсчип, моторот си оди у сејф мод. Па морам да го откачам дур се потроши тој резервар. На МП одамна се нема десено, а на Лукоил на секое полење. Затоа и ги напуштив.
Пиши како си поминал на топ траде, јас планирам пак да се враќам таму на нафта, иако никако не ми е успат, ама мислам дека колата и помирно ми работеше и шпомалку трошеше од МП. Лукоил ги заобиколувам посебно преку зима, зошто нафтата им е полна со адитиви против замрзнување и воопшто не е "мрсна" што би кажал Стојче бошиста Влае. И по 4 резервоари на МП мислев дека нешто ке се смени (ECU ке се доведе во ред) во потрошувачката, ама никако, константно е зголемена, зошто појма немам.
>>>>><<<<<

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
  • .
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2654 на: 03 Декември 2018, 15:22:32 pm »
ќе влезат некои шиити од Иран за скоро време и ќе ни го увезат од таму "најквалитетното" гориво ;)
VW MK-7 (1.6 тди)