Јас ставам 95 октански од Макпетрол на 1.6 турбо. И работи солидно моторот.
Не сум ставил до сега друго гориво. Има драстична разлика ако фукнам 100 октанско, или само психолошка нирвана даваат тие 5 октани плус?
Ако ја билдаат октанажата со етанол, логично би било моторот да има покачена работна температура, односно во гужвите низ Скопје почесто да дува перката на хладњак. Тоа ми се случуваше со Фиестата кога користев 100ка од Шел Супертрејд. Кога се вратив на 95 перката не мрдна, не се вклучи веќе.