Поздрав до сите што точат "зимски дизел" на Лукоил кој пали на -20С. Не додржа -13С.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дали дешавкава беше на Копаоник? Оти вчера кај 16h видов на шлеп Шкода сув ваква боја со СК таблици (само не знам што модел беше).
Јас со гориво од Макпетрол и без ниеден функционален греач успеав да ја запалам колава вчера. Претходната вечер температурата беше -15тина степени (real feel на апликација даваше -23 до -27), а кога ја палев беше -10. Имав турено адитив од Wynn's (лила боја 3xa) во нафтата знаејќи дека не ми работи ниеден греач, па демек да се олесни палењето. Верглав 4-5 минути ама запали, што значи нафтата не била замрзната, само тешко запали дека без греачи.
Да, на Копаоник. Ја запалив и јас од прва и работеше 5-6 минути. Адитив немам ставано последниве 7-8 години оти нели се фалат дистрибутериве зимска била нафтата. Претходно си дотурав адитив во секој резервоар гориво од Ноември до Април. Сега еве пак по старо, боље дувај во јогурт.
Кај мене штом запали претпоставувам нафтата од Макпетрол е ок во однос на мрзнење (создавање парафин). Или пак сепак тој адитивот има некоја работа збркано. А откако го турив ми излезе реклама од Liqui Moly адитив баш против мрзнење на нафта, но шубе ми беше да турам и таков. Исто така и резерварот ми беше полн повеќе од 3/4 (околу 50 литри).
Последна случка со замрзнување на нафта како твојава имавме ~2000 година. Саксо 1.5д го запали татко ми за да одиме Крушево, по 300-400 метри застана и никако не сакаше да запали. Дојде мајстор и за 15тина минути ја оспособи
На тие мотори цревцата за довод на гориво се горе, башка има едно како пумпица (како апарат за мерење притисок), чепкаше нешто и запали. После таа случка и ние туравме средства против мрзнење.