Не знам како да кажу, ама бензините на Лукоил и Макпетрол се дијаметрално спротивни. Или имаат некој хемија внатре што различно влијае на одреден тип возила.
Јас ставав блејзин исклучиво од Лукоил. Со 98-ката колата се осеќаше поживо него со 95-ката и потрошувачката беше одлична. Ставив еднаш 100-ка од Макептрол и вистина имаше осетна разлика во перформанс. Бар кај мене. Но, потрошувачката беше помеќу 1-1,5 литар повисока на борд, а нешто под литар на доточување (приметив дека на Макпетрол бензинот повеќе лажеше борд компјутерот, зошто појма немам). Потоа се вратив на Лукоил и повторно се врати се во нормала.
Е сега, пред извесно време повторно ставив 100-ка и се случи истото што го опишав погоре. И повторно заклучив дека на Макпетрол бензинот е многу подобар од на Лукоил кога станува збор за перформанси. Но со потрошувачката истото се случи. Разликата од претходно беше, што откако го истрошив, повторно наполнив од Макпетрол (идиот нели, колава троши литар на 100 повеќе, ама ако

). И следеше изненаѓење. Тој резервоар, потрошувачката се врати во нормала, а перформансот остана.
Спомнав горе за некоја хемија и дека горивата се дијаметрално спротивни. Единствен логички заклучок ми е дека на електрониката и е потрбно време/километри за да пресмета со што си има работа и да ја прилагоди работата на моторот според горивото.
#евенезнам