Вчера повторно ставив цел резервоар од новото на Макпетрол и задоволен сум и со вториов резервоар. Мислам дека за нијанса потивко и посмирено работи колата во лер. Мене ми е доволно тоа така да веројатно ќе продолжам да ставам на МП. Проблем ми е само што пумпите на МП во Велес се стари и никакви, персоналот исто неуслужлив па само заради тоа не ми се оди кај нив. Двава резервари до сега во Скопје ги полнев. За потрошувачка и одење неможам да кажам оти различни локации возам и секогаш со различно темпо.