(проценка од 8.000 до 10.000)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Eдна кола фаќа место ~6 метра, на 1км = 166 возила, до тетово на 18км = 3000 возила.
И СДК или портпаролот на СВР сакаат да кажат дека на попова дошле 10к возила х2 = најмалку 20.000 скијачи.
Нека ги гаснат компјутерите.
[ЕДИТ] Колоната била до Скопје. 
Во денот 10.000 можно е, не се наредиле сите 10.000 коли во исто време една позади друга. Некои порано некои покасно две колони паркирани возила, возила и на паркинзи, по викендици итн...
Jас велам не е можно, еве за пример ги изброив паркинг местата на аеродром и се вкупно не повеќе од 1300, а површината е огромна. Површината над Попова Шапка е грубо дупла што значи би собрало 2600коли ако се паркираат и над куќи.
Друго ако се претераа 10,000коли тоа значи најмалку 20,000скијачи, и на 4 шалтери ако работат нон стоп им треба 5.5 часа да ги издадат сите карти ако вадат една на секои 4 секунди.
Е сега ќе речиш не одеа сите за скијање, ама јас ќе речам во некоја кола има и по 4-ца за на стаза.
Слично е и Маврово, па и Пелистер, максимумот е ~1000коли, уште толку нека се претераат, ама 10,000коли е огромна бројка. Во 6 часа од Тетово да поминуваат за нагоре треба на секоја 2-ра секунда да поминува една, нонстоп.