Автор Тема: Скијање  (Прочитано 114786 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Скијање
« Одговори #165 на: 29 Ноември 2018, 19:06:18 pm »
800 денари во ПроСпорт, острење и восок.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Скијање
« Одговори #166 на: 14 Декември 2018, 23:39:34 pm »
па ме интересира дали е подобро да купам скии нови од тука или да си изнајмам таму.
Да си купиш, пари дадени за изнајмени скии\чевли се џабе фрлени пари, посекако ќе купиш.

Било што во животот, доколку сакаш да го користиш на подолг период повеќе се исплати да го купиш (се разбира рентабилноста и амортизацијата да ти се вратат објективно со барем 5 години најмалку користење) одколку да го ренташ.

Пред се рентани скии, се помалку оддржавани и зачувани дури и од половни скии возени макар и 10 сезони, кога ќе си купиш своја скија е ко да си имаш своја кола ќе се навикнеш на неа дури и да е тешка, дури и да не е прецизна дури и да е лоша од секоја гледна точка.

Рентањето скии дури и на глупи ски ресорти ко Крушево, Пониква, Добриниште за 1 недела = цената на половни скии.
Проблемот што можеби ќе наидеш на толку далечен пат е транспортот на опремата доколку патуваш со авион, треба екстра 60тина евра во двата правци да платиш за скиите, но барем твои си се и да ти се смучи од нив и ги возиш 1 или 2 сезони, ќе ги продадеш со минимум загуба. Има на фејсбук групи за продажба на ваква опрема, често дилериве од тетовскиот крај нудат за ич пари добри скии а има и едни Свис Ски во Софија каде 10тина мои пријатели/другари купија и се задоволни во сооднос - цена - квалитет, што според мене подобро да купиш извозени и истрескани атомик/росињол/хед одколку нови од Декатлон.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2765
Одг: Скијање
« Одговори #167 на: 27 Декември 2018, 12:28:16 pm »
Ima sneg/skijanje na Mavrovo?
Funkcioniraat topovite na ednosedot, se vozi?

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Скијање
« Одговори #168 на: 27 Декември 2018, 14:47:49 pm »
Кај во Скопје може да се најде добра опрема по пристојни цени ? Ми треба кацига и наочари.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Скијање
« Одговори #169 на: 27 Декември 2018, 15:11:50 pm »
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Скијање
« Одговори #170 на: 27 Декември 2018, 16:07:43 pm »
Пристојни цени во Скопје тешко. Ако те носи патот до БГ земи си од таму.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Скијање
« Одговори #171 на: 27 Декември 2018, 16:12:26 pm »
Види во sport m outlet се наоѓаат интересни работи, не многу скапи.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Скијање
« Одговори #172 на: 01 Јануари 2019, 22:49:25 pm »
eve od beosport CityMall

sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Скијање
« Одговори #173 на: 05 Јануари 2019, 14:00:02 pm »
СО БЕСПЛАТЕН ДЕН, УТРЕ ЗАПОЧНУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА ВО СКИ – ЦЕНТАРОТ „ПОПОВА ШАПКА“

Ве информираме дека скијачката сезона на Попова Шапка почнува од недела (06.01.2019 година), а традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно. Овозможени се условите за официјален почеток на новата скијачка сезона во нашиот најголем скијачки центар „Попова Шапка“. Ги покануваме сите љубители на скијањето и снегот, утре со почеток во 9 часот заедно да ја отвориме сезоната со традиционалното бесплатно скијање на првиот ден од сезоната.

Скијачкиот центар е целосно подготвен и екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски-терените. Спроведени се редовните технички подготовки и активности за почеток и тек на новата ски-сезона, извршено е обележување на постојните патеки, а скијачките терени се подготвени со помош на машините за подготовка на скијачките патеки. За утрешното скијање во функција ќе биде ставена жичарницата – „Церипашина“ и ски - лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Нивниот капацитет изнесува околу 1800 скијачи за еден час. Како новина од сезонава на сите патеки ќе има електронски ски билети со што се очекува намалување на метежот на жичниците и ски лифтовите.

За двоседот „Св. Илија“ во тек се финалните работи од завршната фаза по инсталирање на опремата за контрола и управување на жичницата. Оваа жичница ќе биде ставена во функција дополнително.

Од официјалниот почеток на зимската сезона ќе важат вообичаените цени за ски – билетите. Сезонскиот билет е 9.500, дневниот билет, кој важи од 9 до 15 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 15 часот, е 600 денари. Билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 150 денари. Новина од оваа година е можноста за туристички разглед со снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

Ве очекуваме заедно да започнеме уште една успешна скијачка сезона!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Скијање
« Одговори #174 на: 05 Јануари 2019, 18:26:34 pm »
нашиот најголем скијачки центар со 2 ( два) ски лифта и 1 (една) квази жичара - двосед од '71ва година....

Греота е што се случува со нашите ски центри.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Скијање
« Одговори #175 на: 05 Јануари 2019, 21:31:03 pm »
Средно жалосно, а не правам муабет за тоа со какви предели располагаме за потенцијален нов ски центар, ама што фајде.
Се качуваш на Церипашина до пола стаза ти се ебава мамата нозе да искршиш и скијаш од пола надоле 200 метра...страшно. Ви ја препорачувам Брезовица, не е нешто сјајно ама бар се скија, избегнувајте викенд, редовно инфо имате на инста профилот brezovica.info.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1015
Одг: Скијање
« Одговори #176 на: 05 Јануари 2019, 23:09:51 pm »
Сака некој утре со мене да оди на шапка да не одам сам?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Скијање
« Одговори #177 на: 06 Јануари 2019, 16:08:00 pm »
нашиот најголем скијачки центар со 2 ( два) ски лифта и 1 (една) квази жичара - двосед од '71ва година....

Греота е што се случува со нашите ски центри.

Без паркинг и WC.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Скијање
« Одговори #178 на: 08 Јануари 2019, 19:21:35 pm »
нашиот најголем скијачки центар со 2 ( два) ски лифта и 1 (една) квази жичара - двосед од '71ва година....

Греота е што се случува со нашите ски центри.



Без паркинг и WC.

Имаш ВЦ у Конак шо тупиш и ти ?  :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Скијање
« Одговори #179 на: 08 Јануари 2019, 23:30:04 pm »
нашиот најголем скијачки центар со 2 ( два) ски лифта и 1 (една) квази жичара - двосед од '71ва година....

Греота е што се случува со нашите ски центри.



Без паркинг и WC.

Имаш ВЦ у Конак шо тупиш и ти ?  :D

Имаш право. Веројатно секоја викендица исто :D