Дечки, колку е тешко да се скија?
Никогаш до сега немам скијано, а планираме да одиме на зимски одмор, па чинам дека би рентал опрема (освен таа што мора да се купи), али појма неам од скијање 
Скијањето само по себе колку е тешко/лесно да се совлада?
Е вака... Пред неколку години отидовме друштво во викендица на Шапка, вкупно 8 души од кои двајца без никакво искуство на скии. Собравме што собравме од опрема, кој каква нашол, нели, коплетиравме два комплета.... Вечерта почнува снег да вее, сите возбудени седнуваме и фино лепо им викам на почетнициве:
- Tреба да си спремен да ти биде ладно, да бидеш мокар, да те жуља кондурата, да те боли рака/нога и ако уживаш во тоа тогаш си спремен за скијање.Значи дека е едноставно не е, дека од прв ден ќе ја погодиш правилно облеката, нема шански, или ќе ти биде топло, или ладно... Дека ќе се нервираш додека добиеш осет на скии, тоа обавезно. Ама само полека и смирено.
Првиот ден ти предлагам да најдеш некое рамно место без многу гужва каде што можеш да вежбаш, прво стоење на скии, па движење со нив, да се навикнеш малце. Видеово подоле ќе ти помогне околу основните вежби. Пред да почнеш, најважно е да се загрееш, како и пред било кој друг спорт, основни вежби. Јас ги практикувам пред секое скијање, прво те гледаат чудно кај нас, ама подобро тоа него некоја повреда.
Зависно од тоа колку брзо ќе се прилагодиш, а мислам дека нема да ти биде проблем пошто колку што се сеќавам имаш возено ролери, можеш полека да почнеш да се качуваш (пешки) на некоја блага падина и да се спуштиш. Ако има сајла за деца можеш и таа да ја користиш за качување нагоре.
Кога ќе се најдеш во ситуација да се спушташ, како што ти пишаа погоре, ќе си почнеш со плуг и полека со брзината, колку што се осеќаш сигурен толку, најважно е да можеш да закочиш во секоја ситуација. Како ќе стануваш посигурен и поопуштен така ќе ти се зголемува и брзината на спуштање.
Немој да мислиш само дека изгледаш смешно и несигурно, сите така сме почнале со скијање. Најлесно се учи гледајќи ги другите кои се на твое ниво, што прават како прават и пробувај и ти исто, секако со инструктор е многу полесно.
Многу битно е при спуштањето на стаза да внимаваш на тие пред и позади тебе. Правило во скијањето е дека тој што оди од горе секогаш внимава на тие пред него, ама гледај да не има некој со поголема брзина позади тебе кој можеби не те приметил. Исто така гледај да не правиш нагли и непредвидливи вртења и потези.
Среќно и уживај !