@Sase_91 на Боровец нема промашени стази, сите се убави, широки, со соодветна должина (најкратките) за да имаш доволно време да уживаш во скијањето па се до прилично долги. Чим ќе си таму 5 дена јас би играл вака:
Првиот ден за загревање прво би ја поминал
Ски стаза дворец Ситнијаково (зелена), лесна за возење, се вози по шумска патека до 3м широчина, доволно долга за да се загрееш. Стазата се качува со
Ситнијаково експрес четвороседот кој ти е на 100 метри лево од четвороседот што е испред Хотел Рила. Тој кај Рила се вика Мартинови Бараки. Крајот на стазата е кај четвороседот испред Хотел Рила со тоа што на 20 метри пред него ќе свртиш десно и цепаш само право колку што можеш а останатото 3-40м пеш за да стигнеш повторно од таму каде што почна.
Втор спуст повторно правиш со Ситнијаково експрес четвороседот и идеш до крај до стазата
Ситнијаково 3. Од таму продолжуваш према стазите
Мартинови Бараки 1,2,3 и 4. Четворката е црна. Помини ги од 1 до 3 и за накрај остави ја 4-ката. Рачунај дека една стаза од овие ти е едно качување и еден спуст. Ако сакаш можеш да скратиш и да не одиш скроз до горе до Ситнијаково 3 туку само до Мартинови Бараки. Во тој случај ќе го користиш четвороседот кај Хотел Рила. По еднаш до два пати да ги спуштиш сите овие стази ти се сосема доволни за 4 часа скијање или полудневна карта.
Вториот ден со
жичарата Јастребец (кабина за четворица) се качуваш до
Маркуџик Ски Центарот или до последна станица. Возењето у кабина трае 20-25 мин. Ќе сватиш зошто местото се вика Боровец. Се качуваш по скали, местиш скии и фаќаш десно. Пред да фатиш десно уживај во погледот према Мусала. Преубаво е. Се спушташ према
Маркуџик стазите. Таму продолжуваш со
четворосед и се качуваш на некаде 2300-2400 метри надморска висина. Прво фати ја
Сухар стазата (зелена) за загревање што води пак до четвороседот. Пак најгоре со него ги имаш
Маркуџик 2, 2А, 2Б и 3. Имаш и ски лифт. Помини ги сите додека не ти здосадат. На крајот од денот кога се исклучуваат сите лифтови од четвороседот надолу имаш стаза која се вика Мусалска Патека. Се вози 20-25 мин. Завршува кај Хотел Рила. Шумска патека, 3м широчина, преубава за опуштено скијање, на едно или две места скиите на рамо и качуваш 20-30м (ништо страшно). Внимавај само на местата каде што имаш свиоци за 180 степени често знае снегот да е потенок и да закачиш некој камен.
Третиот и четвртиот ден повторно со жичарата Јастребец до горе, само што сега не идеш десно према Маркуџик туку лево према стазите
Попангелов и Јастребец 1 и 3. Јастребец 1 те враќа на почетна позиција а Јастребец 3 и Попангелов имаат друг ски лифт кој те носи до стартот на Попангелов. Јас Јастребец 1 би ја оставил за на крај, саатипол пред да ги исклучат лифтовите, ја качуваш, спушташ и повторно се качуваш до горе за да ја фатиш Мусалска Патека за крај.
Петиот ден вози таму каде што најмногу ти се допаѓа. Мој избор било која црна стаза.
На било кој ски лифт обично нема гужва или се чека многу малку, до минута. Понекогаш, особено за викенд знае да има гужва и кај Хотел Рила на четвороседот да се чека и по 10 мин. Мене еднаш само ми се десило. Ти пошто ќе идеш у делник нема да има гужва. Не знам какви ти се навиките ама ја практикувам полудневна карта од 12-16:30ч со тоа што кај 16:30ч гледам да сум кај Мусалска Патека и до 17:00 завршувам. Повеќе и да сакам да скијам не можам пошто нозете не ме држат. Ако си поспремен физички цепај на целодневна.
Повели
Карта од стазите а таму обавезно да си земеш хард копи за со тебе.
Гледај
live cam од стазите.
Цени за ски карти. Мислам дека ако купиш карта онлајн дека имаше некои 5-10% попуст. Провери си.
Кафе да пиеш на терасата во Хотел Рила обавезно.
Ако си сместен во самото село не ти треба паркинг за до и од жичарата/лифтовите. Пеш за максимум 5 мин од било каде се стигнува. Ако си подалеку можам да ти дадам бројче од една тетка што рента паркинг одма до самата стаза у близина на Хотел Рила. Цена 10 лева за цел ден.
Верувам дека убаво ќе си поминеш. Ако те интересира уште нешто пиши слободно.