Дечки, да прашам дали има некое посебно средство за кедери, или некој посебен начин на користење на средство за кедери?
Имам едно од Нигрин и ги поминав кедерите негде средина на ноември, ама синоќа пак ми замрзнаа две врати. Најзезнато е што најчесто ми мрзне задната десна врата, кај што е детското седиште.
Колку често треба да се поминуваат кедерите со средство? Да пробам некоја друга варијанта?