Ова не е плагин така?
Значи компјутерот е слободен да ја менаџира батеријата правилно, ако е добро подесен се разбира. Поентата е што секоја батерија си има оптимален режим на работа. Има и некои лаптопи го нудат тоа и навистина батеријата може да трае сериозно многу долго време по 10 години и повеќе.
Идејата е да се чува батеријата во оптимална волтажа и да не се користат нејзините екстреми, барем кај Li-Ion батерија. Ако се работи за такви батерии во случајов. Бидејќи тебе рејнџот на колата не ти зависи од самата батерија како во електрични возила, па таа да мора да е полна го горе често, таа моторот ја полни само по потреба и во оној режим во кој е оптимално.
Јас мислам дека ако менаџментот на батеријата им е добар и таа своето време го поминува во низок режим на полност (а така е кај овие хибриди обично) ќе е многу трајна.
Ако се полни батеријата на 4.3 како на мобилниве (често 4.4) Таа има околу 200 полнења пред да го изгуби својот капацитет во просек. Истата батерија ако се полни до 3.9V ќе е 20 ПАТИ потрајна со 4000 полнења.
Се е до тоа како ја изменаџирале. Може да трае 3 години, а може и 15.