Автор Тема: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid  (Прочитано 8234 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #16 на: 06 Септември 2018, 13:54:11 pm »
Многу фанки џипче, ми прави мерак. А и ценава како за хибрид и за СУВче е нормална, споредено со конкурентите.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #17 на: 06 Септември 2018, 14:00:56 pm »
Потресително ружна кола.

Ја имаат тука у комшилук, душата ми повраќа кога ја гледам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #18 на: 06 Септември 2018, 14:02:55 pm »
Многу фанки џипче, ми прави мерак. А и ценава како за хибрид и за СУВче е нормална, споредено со конкурентите.

Да да, и мене ми изгледа многу кул, особено вака наџиџанко. Од друга страна, баш коментиравме со @Deni, ако го земеш во нормална боја и без џиџи-миџи додатоци изгледа многу дискретно и не-хибридно.

Во моментов најевтината варијанта се зима за 23.390 акциски.

Потресително ружна кола.

Ја имаат тука у комшилук, душата ми повраќа кога ја гледам.

Мене ми изгледа многу интересно. Онаков, одлепен јапонски дизајн без да биде грдо, барем во моите очи. Ама па мене ми изгледа и ова интересно, и Лексусите ми изгледаат ептен добро...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #19 на: 06 Септември 2018, 14:08:20 pm »
Колава прави парам парче, барем од тоа што јас гледам на улици кај мене. Нема жена што нема вакво. Ова го смени нисан џук и стана новото ауто за курчење. Мене ептен ми фаќа око и би поседувал како второ ауто за низ град.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #20 на: 06 Септември 2018, 14:12:25 pm »
Ги штиклира сите боксчиња на тренди возилце. Кросоверче, хибридче, фенси изгледа, може да се персонализира со ситници и додатоци.. Полн погодок им е, и го гледам сè почесто и кај нас по улици.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #21 на: 06 Септември 2018, 14:26:36 pm »
Потпис.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #22 на: 06 Септември 2018, 19:57:15 pm »
Класен, вакви возила треба да земаш на тест, не некои глупи Аудија, 15 години назад со технологија кои личат исто и еднолично.

Вакви возила се иднината. Колку поскоро се свестиме, толку поскоро ќе ги поседуваме ;)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #23 на: 06 Септември 2018, 20:07:20 pm »
Па сеа дека вакви штознам, ама ете го Аурисот караван на тест. Тоа е апла кола која ќе ја копираат сите производители за некое време.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #24 на: 06 Септември 2018, 20:37:19 pm »
Класен, вакви возила треба да земаш на тест, не некои глупи Аудија, 15 години назад со технологија кои личат исто и еднолично.

Како што сум рекол многу пати до сега, јас не бирам што ќе земам на тест. Земам тоа што е available и тоа што се расположени да ми го дадат. :)

Улетале доста хибриди на тест до сега, мада скоро све биле Toyota & Lexus. Имаше Mitsu i-Miev електричен, и имаше Volvo XC90 T8 Hybrid.

Како и да е, секоја чест на дечките од Toyota кај нас, сериозно си ја сфатија работата со хибридите и си делкаат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #25 на: 06 Септември 2018, 21:11:00 pm »
Како и да е, секоја чест на дечките од Toyota кај нас, сериозно си ја сфатија работата со хибридите и си делкаат.


Така е секаде во Европа. Според статистика во 2017-та Тојота продале повеќе од 50% хибриди а Лексус повеќе од 80% хибриди. Во Белгија и Холандија ајс не сум видел Хонда и Тојота а да не се хибрид, за Лексус да не зборувам. Тојотите треба да се сите со CVT менувач како кај Лексусот, се надевам ќе го направат тоа.

Со тек на време, типувам на тоа дека моторите со в согоруваењ ќе се намалуваат а баКтериите ќе се зголемуваат се додека не стане јасно дека целосно електрично возило е иднината, потпомогнати со многу мали турбо бензинци како бекап варијанта, колку да стигнеш до електрична станица..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #26 на: 06 Септември 2018, 21:34:50 pm »
Европа е едно, Македонија е друго. Ние сме сè уште дизел-доминантен пазар, и тоа нема да се смени во догледно време. Дечките тука ги очекува многу потешка борба за едукација и пренесување на придобивките од хибридите, како и многу, многу едукација за да се надминат и решат некои од заблудите кај многу луѓе.

Нејсе, за тоа сме тука и ние.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #27 на: 06 Септември 2018, 21:39:39 pm »
Види, не можеш секого да едуцираш и не треба ни да почнуваш. Особено не можеш да ги едуцираш оние со 1.9 TDI.
Нема сите да купат хибрид, како што не купуваат ни во Норвешка. Туку, они да се борат со каналот за дистрибуција, да имаат добри понуди и ниски цени, да ги научат сервисерите што подобро да сервисираат хибриди и да не прават гафови во работењето. Така ќе ги привлечат и оние кои гледаат скептично на хибридите. Со тоа ќе ја демотивираат и конкуренцијата и ќе останат на врвот на понудата што поскоро.

Треба да имаат што повеќе јавни излагања, повеќе тест возила и нон стоп да ги вртат низ градов. Јарис хибрид треба да стане новото Југо Корал 55

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #28 на: 07 Септември 2018, 07:41:12 am »
Јарис хибрид е врвно количе. Мислам дека за 14-15к може да се земе со фул опрема. Веќе имам доста искуство со него низ град,  е сега незнам како вози фабиа, поло, фокус со автоматик низ град ама ова со цвт е прав погодок за нормална градска вожња а ти во исто време си искулиран до максимум. Воланот е исто така направен за низ град, многу лесен. Е сега на отворено незнам како ќе се однесува вакво возило ама и не е ни за таму измислено.

Отсутен Ivoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: CARclub Тест: Toyota C-HR Hybrid
« Одговори #29 на: 07 Септември 2018, 08:57:46 am »
Европа е едно, Македонија е друго. Ние сме сè уште дизел-доминантен пазар, и тоа нема да се смени во догледно време. Дечките тука ги очекува многу потешка борба за едукација и пренесување на придобивките од хибридите, како и многу, многу едукација за да се надминат и решат некои од заблудите кај многу луѓе.

Нејсе, за тоа сме тука и ние.
Aко ги гледаме бројките на вкупно продадени возила ( и половни и нови ) точно е до некаде дека сме дизел-доминантен пазар. Меѓуто ако се одвојат само продадените нови возила, на пример во првата половина од годинава резултатот помеѓу бензин-дизел е речиси израмнет, и тоа само благодарение на германските и француските брендови кои што сеуште доминантен во продажбата им е дизелот, што е скроз спротивно од корејските и јапонските производители кај кои бројките се во корист на бензинците. И уште ако се оттргнат од овие бројки флотните продажби, кои најчесто се дизел, ќе дојдеме до заклучок дека за приватни потреби повеќе се купуваат бензин возила. Само до Мај годинава се продадени 81 хибрид возила.