Автор Тема: Mitsubishi Pajero Sport V6  (Прочитано 10676 пати)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Mitsubishi Pajero Sport V6
« на: 28 Септември 2017, 16:41:19 pm »
Момци, а и некоја девојка (чисто сумљам)

Пред околу 5 месеци го купив па сеа пропер да го претставам.

Mitsubishi Pajero Sport 2002
Мотор: 3.0 i V6 24V (177 Hp)
Менувач: 4speed automatic 4x4 L 4x4H i 2WD пренос
гориво: бензин/плин со дизни
Интериер крем/махагони/кожа
има поминато до сеа 172 000 км

подетални спецификации тука:http://www.cars-data.com/en/mitsubishi-pajero-sport-3.0-v6-gls-specs/26817

Со оглед на тоа што е 2002 ра година, далеку од ново, но и јас далеку од ново pajero со оглед на тоа дека цената им е околу 50к.
Инаку во споредба со тоа што јас сум имал можност да го поседувам и пробам ми прави бааѓи кејф.


Најмногу ми се допаѓа тоа што е V6, а во исто време работи многу многу тивко.. (дур ми се деси да пробам да го запалам на веќе запалено)
незнам дали имаат многу добра изолација или дека V6 ка. ама е супер.. исто така ми се свиѓа звукот коа ке стиснам гас.. има луѓе што ги прават "Strait pipe" Али мислам дека не би му го направил тоа.. во блиска па и далечна иднина.

аутоматикот ми беше најголем страв коа го видов огласот, но откога го повозив сега секој мануелец ми е да неречам замарање... идеално би било некој типтроник систем али има време у нареден живот за тоа.

Pajero-то има многу убава и удобна вожња.. седиштата се комфорни (со греачи се предните) па у зима е додатен бонус затоа што кожата е многу ладна или жешка у лето.. исто така во план е да се репарира кожата на предните седишта и да се направи хемиско а и да се исполира.

искрено не го возев многу по терен прво затоа што мие жал а и страв дане крцнам нешто.. но како што ми изгледа не е аро квалитет така да стравовите си ги носам од таму..

На некоја ситна планинка, у некоја дупка снег, или некој "паркинг" и по мавровската плажа..


Досега сум презадоволен..

од дополнителна опрема, има електрични прозори, електрични ретровизори со греачи што се затвараат, греачи на седишта ко што спомнав, ABS, темпомат, дигитална клима, и дополнително греење позади, го купив со убаво Pioneer радивце па ја забављам внуками со цртани дур се возиме, блутут, сончев кров, фабрички затемнети стакла.

Една од работите што многу ми се свиѓа е задниот простор. Овој модел е за 5 седишта но многу многу паметно направен бидејки задните седишта се спуштаат и прават права површина и со додаток од мемори пена од 10цм е совршена спална, во багажниот простор има полици, и прегради што многу добро се најдоа за летоска.


сега за сега е со убави 16 инчни гуми (за асфалт) но во план е да се стават гумите од арото ако се најдат 15 инчни бандаши што ке пасуваат( има многу големи дискови)
Но добрата ствар е што има Limited slip заден диференцијал што значи многу повеќе проодност од обичен 4x4.
на линков е другарче од зимоска со pajero sport дизел.

Го запознав дечково (мартин митрички) на Караџица па можам да кажам дека и он е виновен што го купив..

Сигурен сум дека некој се прашува колку ли троши ова чудо.. а одговорот на тоа е следен.

Во град тргни застани троши 20литри плин ако се вози нежно. рипнува до 22 ако сакаш да го слушаш V6ката како забрзува.

На отворено со околу 100-110 на темпомат троши околу 14литри плин што и не е така лошо.

На бензин потрошувачката е тука негде..


до сега од модификации и сервиси е направено следното.

Инсталирав задните ЈБЛ звучници од арото, заедно со панели што според мене излегоа доста супер.



го извадив сите панели од гепекот и ги исправ.. доста прљавштина излезе..
задниот браник го извадив и малку го кореирав, на сликава се гледа дека е малку накрив но сепак треба да се фарба и предниот и задниот..

Во некој момент имало инсталирано сензори за паркинг, и напред и позади но сега ги има само сензорите без ништо закачено на нив.. во план е тоа и/или камера затоа што можам да ја закачам лесно на радиото.

Купен е нов заден штоп, чекам да ми стигне од србија па да го монтирам.. бидејки на мојот е пукнат..

прашав во Мак ауто стар за редовен сервис, добив цена од 30 илјади, за промена на уље во мотор и мењач па решив сам да си го средам тоа..

си купив репсол уље филтер за воздух и филтер за уље..



и во едно попладне го средив..

останува промена на уље во автоматикот.. дефинитивно ке купам филтер и уље од Макауто стар затоа што сите по нетов препорачуваат Mitsubishi уље а не друго.. а за промената дури и кај нив ми е сумљиво.. едно што за тоа бараат 17К за делови и промена а друго е што мислам дека нема да направат "flush" односно да го сменат цело 9.5 литри уље туку само тоа што е во филтерот..

План за во иднина ми е да го доведам до ова ниво на совршенство.. ништо повеќе




Толку за сега.. ве поздравувам со една летна слика а,  дополнителни слики деновиве коа ке ги извадам од апарат..



« Последно менување: 28 Септември 2017, 20:44:06 pm icemann »

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #1 на: 28 Септември 2017, 16:47:25 pm »
Одличен избор браво! Не му се плаши пробај го на терен :)


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #2 на: 28 Септември 2017, 16:53:01 pm »
Браво,  секоја чест, со ќеф да си го користиш!
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #3 на: 28 Септември 2017, 16:59:38 pm »
Другар ми има исто в6 само 95г,скоро секој ден го качува на Пелистер вози туристи,никаков дефект нема појавено џипот,а патот е крш кај шо возат.Така да не му се секирај многу.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #4 на: 28 Септември 2017, 17:12:07 pm »
Лееееелееееее...

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #5 на: 28 Септември 2017, 17:46:51 pm »
Гледам си го прошетал и до Тасос ;D
Зини да ти кажу.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #6 на: 28 Септември 2017, 18:30:03 pm »
Да веќе го имаше претставено ѕверот уште пред неколку месеци во една од темите.

Сум го возел овој мотор, во Mitsubishi Magna (кај нас ја нема) и освен еден проблем со алтернаторот никакви проблеми не покажа колата.

Многу убав мотор, многу издржлив и се возат со илијадници и илијадници километри.

Во Австралија покрај 4.0 на Ford, ова е втор најупотребен мотор.

Чим таму нема гајле, рачунај тука е мевлем :)

Уште еднаш создравје да се вози и да си праиш мерак како што сакаш, а гледам веќе уживаш.

Така и треба.

Мене Magna-та ми трошеше околу 15-17 литра плин во AUS.

Како е со потрошња оваа?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #7 на: 28 Септември 2017, 18:30:16 pm »
Честитки, храбар но добар избор :) Супер изгледа, а за чепкач како тебе (ако судиме според Арото) ова може да биде бесконечен проект :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #8 на: 28 Септември 2017, 18:46:05 pm »
Ауууу топ, храбар избор.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #9 на: 28 Септември 2017, 20:00:25 pm »
Да веќе го имаше претставено ѕверот уште пред неколку месеци во една од темите.

Сум го возел овој мотор, во Mitsubishi Magna (кај нас ја нема) и освен еден проблем со алтернаторот никакви проблеми не покажа колата.

Многу убав мотор, многу издржлив и се возат со илијадници и илијадници километри.

Во Австралија покрај 4.0 на Ford, ова е втор најупотребен мотор.

Чим таму нема гајле, рачунај тука е мевлем :)

Уште еднаш создравје да се вози и да си праиш мерак како што сакаш, а гледам веќе уживаш.

Така и треба.

Мене Magna-та ми трошеше околу 15-17 литра плин во AUS.

Како е со потрошња оваа?


да у право си.. фала уште еднаш..

пишав за потрошња.. 20тина град 14тина отворено..

Гледам си го прошетал и до Тасос ;D
втор крак :)))

фала момци..  eве уште некоја слика








Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #10 на: 28 Септември 2017, 20:26:44 pm »
Б Р А В О

Со здравје да се вози!
New blood of old school

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #11 на: 28 Септември 2017, 20:35:20 pm »
e ovoa e prav dzip, a ne ovoa sminkerajov sto ne go vadat od asfalt...
Mnogu uzivanje vo V6 sound i spusteni sedista  :)

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #12 на: 28 Септември 2017, 21:38:12 pm »
Инаку на тротоар се движат пешаци :) За возила има паркинг.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #13 на: 28 Септември 2017, 21:46:25 pm »
Инаку на тротоар се движат пешаци :) За возила има паркинг.
Таман за по калот да одат или по улица.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Mitsubishi Pajero Sport V6
« Одговори #14 на: 28 Септември 2017, 23:35:53 pm »
хаха..во ова мало тротоарот е паркинг, затоа што паркингот е 0