Разгледувам што ми се опциите да се подновам и изгледа дека на овие ми се сведува изборот па сакав да видам што мислите, предности/недостатоци на овие 2.
Немам конкретен модел зашо нема многу избор по огласиве наши ама па и не ми се брза можам да почекам нешто да се појави.
Двете да се околу 2009та, по можност бензин (со опција за плин) и по можност од тука купени (ради историја).
Ме интерсира дали некој има искуство со вакви коли, како оценувате доверливост/издржливост кај моделиве такви работи. И исто колку километри се премногу поминати, дали 200к на акорд/мазда6 се многу на пример ?
Јас сум веројатно малце необјективен према јапонски, преферирам тојота/мазда/хонда ако некој има да предложи не-јапонски модел у слична класа нека пише зашто мисли дека тоа е подобар избор.