20еур дадов не видов некое подобрување. Најдобро е механички да се исчисти се. Некна случајно разбрав дека Џеповски (
@Спенсер нека ме исправи ако сум грешка) ја има купено машината за чистење усис и вентили кај новите коли, ваљда за БМВ првенствено. Повеќе би и верувал на таа работа. Ова 2-3 поста погоре повеќе ми личи на реклама отколку навистина виден некој ефект (прв пост одма фалби, па во вториот треба да очекуваме и детали за сервисот). Колку што имам читано, машински чистените ДПФ филтри после тоа имаат многу краток век и дека тоа е една голема глупост исто така. На пасатот ја чистев усисната грана мислам кога правев голем сервис, колата се прероди. Доколку би го правел тоа со божјото чудо декарбонизација каде ќе оди цел тој гареж наслаги, саѓи мрснотии? Во ДПФ најверојатно, па потоа ДПФ у канта. Исто имаше едно типче, закажуваше неколку коли па од ск со машината доаѓа да ги среди. Работеше на 2 голфа 6, од локална авто школа, првиот помина, вториот скрши вентил. Ко попче си купи половен мотор и плати монтажа и демонтажа.