Здраво

Генерално, би те советувале да не размислуваш во насока на овој-или-оној мотор, туку да бараш возило кое е позачувано. И најдоверливиот мотор може да биде проблематичен заради неквалитетно одржување, и најлошиот мотор може да биде многу доверлив бидејќи бил пазен како што треба.
Не брзај, разгледај, консултирај се со доверлив мајстор за секое возило засебно, и ќе најдеш она што ти треба. Во суштина, 1.6 TDCi моторот е развиен заедно со PSA и се вградува во еден куп модели на Peugeot, Citroen и Ford, и би требало да биде долготраен и доверлив.
Со среќа!