Автор Тема: Србија казнува?  (Прочитано 51389 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Србија казнува?
« Одговори #15 на: 03 Септември 2017, 16:38:58 pm »
Кој вози  пребрзо и ги загрозува другите учесници во сообраќајот, треба да биде соодветно санкциониран и превоспитан.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Србија казнува?
« Одговори #16 на: 03 Септември 2017, 16:40:45 pm »
Самото видео е посрано, троловско и служи контрапродуктивно. Секакви видеа имаш на Јутуб, така да како што имаш видеа што објаснуваат дека земјата е рамна, така имаш и вакви видеа.

Зошто е контрапродуктивно? Затоа што многу фино ја покажува реалноста дека сите возиме над дозволените граници (колку и да е тоа малку), покажува како се одредува ограничување на брзината на одредена делница, и дека ограничувањата ни се очајно архаични?

Кој вози  пребрзо и ги загрозува другите учесници во сообраќајот, треба да биде соодветно санкциониран и превоспитан.

Апсолутно се согласувам, кој вози пребрзо треба да биде казнет. However, истовремено - истражувања докажуваат дека возење поспоро на автопат не само што не е побезбедно, туку е поопасно и поголеми се шансите да биде предизвикана сообраќајна незгода.

Edit: http://www.sehinc.com/news/truth-about-speed-limits-explained-engineer
« Последно менување: 03 Септември 2017, 16:46:59 pm zeroSignal »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Србија казнува?
« Одговори #17 на: 03 Септември 2017, 16:52:43 pm »
Во Бугарија, камерите се направени да сликаат кога возиш 20+ над дозволеното. Во Германија не ни сликаат ако возиш 55 во 50 дозволено (особено ако успоруваш/забавуваш). На автопат кадешто е 100 и има камери со 110 на тахо досега не сум штракнат. Во Холандија штракаат речиси до километар. Во Белгија исто до километар. Луксембург не знам, два-три пати сум бил, не сум сретнал камери.

Никој нема да те казни ако на автопат возиш 125-130 на дозволено 120. Ама нели, бавно е тоа. Во работни денови од 7 до 18 часот, на сите делници на автопатиштата во Германија е физички невозможно да возиш 140+ нон стоп. Ќе намалуваш до 110-120 во најлева лента, па ќе забрзаш до 150-160, за во наредниот километар пак да ја правиш истата вежба со намали забрзај. На крај ќе ти прекурчи, ќе си останеш во средна лента со темпо 120, и ако треба да престигаш комбиња/шлепери излегуваш во најлева лента, престигаш и се враќаш назад.

Така  возат луѓето во реалноста кадешто нема ограничувања на брзина. 120-140. 120-140. И многу пазење на ленти, ретровизори, сообраќај, држење растојание и превземање дефанзивни маневри за да не биде некоја несакана беља. Дивеење на автопат се казнува, санкционира и средува од самиот тек на сообраќајот. И пак се случуваат несреќи и глупости со жртви и материјална штета.

Апсолутно се согласувам, кој вози пребрзо треба да биде казнет. However, истовремено - истражувања докажуваат дека возење поспоро на автопат не само што не е побезбедно, туку е поопасно и поголеми се шансите да биде предизвикана сообраќајна незгода.

Американците не се валиден примерок, затоа што не знаат да возат на автопат. Затоа постои десна лента. Си возиш 100-110 и по потреба престигаш шлепери/автобуси со 120-130. И да, на Балканот ако престигаш со 120-130 во најбрза лента, не треба да има сељо позади тебе да блендира десет пати да му се тргнеш. Затоа што, тој прави поголема глупост и услови за сообраќајна несреќа.
Исто, возење со 100-110 во најлева лента е самоубиство што се случува многу повеќе на американските автопати.
« Последно менување: 03 Септември 2017, 16:59:38 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Србија казнува?
« Одговори #18 на: 03 Септември 2017, 17:00:20 pm »
Е така де, тоа го зборуваме цело време. Никој не вози точно колку што е ограничувањето, туку го следат текот на движењето на сообраќајот. И тоа е сосем нормално и најбезбедно. Ако возиш пребрзо очигледно правиш глупости и ќе бидеш казнет. Ако возиш преспоро, го намалуваш течението на сообраќајот, ја намалуваш безбедноста, и ќе бидеш казнет.

Така  возат луѓето во реалноста кадешто нема ограничувања на брзина. 120-140. 120-140.

Апсолутно точно. Не можам доволно да го потенцирам ова. Само заради тоа што нема ограничување на брзината, не значи дека сите нон-стоп ќе возат 200+. Ќе возат 200+ можеби 3-5 минути, да се испукаат, после тоа ќе фатат нормално темпо. И крај. И тоа е тоа.

Исто како што на делници на македонски автопат каде што е дозволено 120, возам 80, пошто не се чувствувам безбедно да возам повеќе од 80. И тоа е многу.

--

Ова глуматањево дева марии од инат не ни личи..

--

Edit:

Американците не се валиден примерок, затоа што не знаат да возат на автопат. Затоа постои десна лента. Си возиш 100-110 и по потреба престигаш шлепери/автобуси со 120-130. И да, на Балканот ако престигаш со 120-130 во најбрза лента, не треба да има сељо позади тебе да блендира десет пати да му се тргнеш. Затоа што, тој прави поголема глупост и услови за сообраќајна несреќа.
Исто, возење со 100-110 во најлева лента е самоубиство што се случува многу повеќе на американските автопати.

Начелно, се согласувам со тебе, иако не ми се допаѓа стереотипизацијата „Американците не знаат да возат на автопат“. Ако некој вози на автопат, тоа се америте. Нејсе, небитно.

Поентата е дека причина за голем број од сообраќајните незгоди е разликата во брзина. Ако на одреден дел од патот може објективно да се вози 120, безбедно и мирно, а ограничувањето е 80 - тогаш повеќе од јасно е зошто е ограничувањето поставено да биде 80. Луѓето ќе го занемарат ограничувањето, бидејќи се чувствуваат безбедно, ќе возат 110-120, и ќе бидат казнети. И зошто е ограничувањето? Ради безбедност? Шије ми га Џура.

И така..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Србија казнува?
« Одговори #19 на: 03 Септември 2017, 19:02:53 pm »
И зошто е ограничувањето? Ради безбедност? Шије ми га Џура.

И така..

Е кој фактор си па ти да го оспоруваш ограничувањето? Кој фактор си ти ако си се чувствувал безбедно да тврдиш дека ограничувањето е ниско?
Си има соодветна причина во најголемиот број на случаеви. За да не се остави на случајност и на сопствените перцепции на сите поедини возачи, некој измерил и донел одлука дека тука треба да има такво и такво ограничување. Ако тебе ти е чудно зошто е ограничувањето ниско, во најмала рака би требало да прашаш некаде доколку те интересира, ако постои нешто такво воопшто.

Да не се заборави дека ограничувањето се однесува во СИТЕ услови на возење и на облачно, магловито, врнежливо, ноќно време. И да не се заборави најбитниот фактор а тоа е дека ти не си сам на патот, дека има и други возила. Другите возила можеби се товарни, транспортни, не можат да возат брзо колку ти што би возел. Ако некаде е честа појава да има камиони чија максимална брзина е 90км/ч нормално дека тебе нема да ти биде дозволено да ги поминуваш со повеќе од 120, бидејќи 30км/ч разлика во брзини е голема, асфалтот можеби е лизгав, видливоста е намалена и времињата на реакции се многу мали. Нема секој рефлекси на мачка. И тоа е проклето погрешно дека ако е дозволено 120, а јас со 90 претекнувам камион што вози 80 дека треба прво тебе да ти се клањам. Ќе си намачиш од 120 на 90 без никаков проблем. А ако фучеш ти со 150 па мора да гориш гуми од 150 да намалиш на 90 и да бидеш ризик за сообраќајна, епа казна македонче.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Србија казнува?
« Одговори #20 на: 03 Септември 2017, 19:13:35 pm »
Начелно, се согласувам со тебе, иако не ми се допаѓа стереотипизацијата „Американците не знаат да возат на автопат“. Ако некој вози на автопат, тоа се америте. Нејсе, небитно.

Искрено, не знам дали некогаш си возел на Интерстејт/автопат во Америка. Или воопшто си возел во Америка. Ќе се разочараш во најмала рака.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Србија казнува?
« Одговори #21 на: 03 Септември 2017, 19:15:06 pm »
Јас не сум никаков фактор. Никогаш не сум рекол дека сум. Јас само изнесувам мој, субјективен став, изграден врз основа на некакво лично искуство и врз база на научни истражувања кои сум ги прочитал, кои пак се базирани врз емпириски податоци.

Факт е дека сообраќајот е забрзан во изминативе неколку декади. Сосема нормално - колите стануваат помоќни, побрзи, побезбедни и покомфорни. And that's what we call A Good Thing. Како што се забрзува сообраќајот, треба инфраструктурата да ги следи тие трендови, и да може соодветно да одговори на трендовите - дали проактивно, дали реактивно.

Камиони? Џони, камиони затоа се движат во најдесна, најспора лента, за да не сметаат на остатокот од сообраќајот. Си бил на запад, си видел како се движи сообраќај. Ај сеа да не се навраќаме на истите муабети - во Германија имаат многу делници од автопат каде нема ограничување - и имаат меѓу најбезбедните патишта на светот? Зошто? Инфраструктура и култура во сообраќај.

Временски услови? Па добро бе Џони, пред 2 пораки напишавме - и јас и Луки, и се согласивме дека само заради тоа што е дозволено да се вози (измислувам) 150, не значи дека сите ќе возат 150. Ќе возат можеби и значително помалку бидејќи толку дозволуваат условите на патот. Исто како што (како што и погоре напишав) - има делови на македонски автопат каде јас не се чувствувам безбеден да возам повеќе од 80, па дури и на ултра-сув коловоз.

Да напишам и со големи букви, само за да разберат конечно сите, и да го надминат моментот со „АААААААААААААААА 150 ЌЕ ВОЗИТЕ ЌЕ ЛЕТАТЕ ВОЛОВИ ЕДНИ WILL SOMEONE PLEASE THINK OF THE CHILDREN“

АКО Е ДОЗВОЛЕНО 150, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА СИТЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ЌЕ ВОЗАТ 150!

И вака и така луѓето ја надминуваат границата. Безбедно (Германија е одличен доказ, иако ние сме далеку). Финтата е да се намалат бројот на напишани казни, за да се помогне на обичниот човек. Ете тоа е.

Искрено, не знам дали некогаш си возел на Интерстејт/автопат во Америка. Или воопшто си возел во Америка. Ќе се разочараш во најмала рака.

Не сум, признавам. Но нејсе - ете за пример да ја земеме Германија. Не се само ограничувањата на брзината фактор за безбедност. Всушност, како што гледаме и самите, over and over again - кај нас во Македонија - не се никаков фактор за безбедноста.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Србија казнува?
« Одговори #22 на: 03 Септември 2017, 19:37:18 pm »
Како тоа не се никаков фактор за безбедноста? Дали некогаш се промениле кај нас ограничувањата па да може да се спореди пред и по тоа?

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Србија казнува?
« Одговори #23 на: 03 Септември 2017, 19:41:07 pm »
Низ грчка имал некој искуство со камерите, како иде со казните ?








Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Србија казнува?
« Одговори #24 на: 03 Септември 2017, 19:42:53 pm »
Како тоа не се никаков фактор за безбедноста? Дали некогаш се промениле кај нас ограничувањата па да може да се спореди пред и по тоа?

Па да, ако ништо друго - во град се намалени ограничувањата, а бројката на загинати не само што не опаѓа, него расте. 130 загинати во 2014, 144 во 2015 и 164 во 2016.

Низ грчка имал некој искуство со камерите, како иде со казните ?

Колку што знам, не работат, барем не тие накај Халкидики на излез од Солун што се.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Србија казнува?
« Одговори #25 на: 03 Септември 2017, 19:43:59 pm »
Низ грчка имал некој искуство со камерите, како иде со казните ?
Све е тоа гола вода, евентуално да работат оние на егнатиа одос и тоа само околу тунелите ама и тие се за надзор првично.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Србија казнува?
« Одговори #26 на: 03 Септември 2017, 19:44:04 pm »
Молим вас будите уз тему и причајте за кажњавање у Срибију.

Немојте скренути дискусију у насоку која није чврсто поврзана насловом ове теме.

Јебо вас Грчка и Њемачка, причамо за Србију брате.

Пуно хвала.

Воли вас златкоа

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Србија казнува?
« Одговори #27 на: 03 Септември 2017, 20:08:19 pm »
Па да, ако ништо друго - во град се намалени ограничувањата, а бројката на загинати не само што не опаѓа, него расте. 130 загинати во 2014, 144 во 2015 и 164 во 2016.


Бројот на загинати расте денес во случај кога имаш ограничување на булевар од 50км/ч а 50% возат повеќе, а 10% возат и повеќе од 80км/ч.

Замисли се качи ограничувањето на 70км/ч, тогаш 10% возат 40, 10% возат 50, 50% возат 70 и повторно 10% возат над 80. Тек тогаш па колку загинати ќе има. За разлика од сега, додај ја бројката на тешко повредени во загинати и ете ти резултат од зголемување на ограничувањата :)

И не ми се верува дека се пропагира ограничувањата да се зголемат за да се намалеле казните. Хаха, па тоа е лудост исто како и она да ги намалиш критериумите за положување на испит за повеќе да положат и после како ефект имаш дебили со диплома.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Србија казнува?
« Одговори #28 на: 03 Септември 2017, 20:10:03 pm »
Молим вас будите уз тему и причајте за кажњавање у Срибију.

Немојте скренути дискусију у насоку која није чврсто поврзана насловом ове теме.

Јебо вас Грчка и Њемачка, причамо за Србију брате.

Пуно хвала.

Воли вас златкоа

Идем у четвртак, видечемо Шоиќу ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Србија казнува?
« Одговори #29 на: 03 Септември 2017, 20:12:19 pm »
Молим вас будите уз тему и причајте за кажњавање у Срибију.

Немојте скренути дискусију у насоку која није чврсто поврзана насловом ове теме.

Јебо вас Грчка и Њемачка, причамо за Србију брате.

Пуно хвала.

Воли вас златкоа

Идем у четвртак видечемо Шоиќу ;D

Еј брате, види какво је стање, па пиши нам у темицу да знамо.

Тангуј ме у постич да би видео.

Чувај се брате.