Автор Тема: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels  (Прочитано 4401 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« на: 17 Август 2017, 17:17:15 pm »
Веќе 3 месеци се канам да ги uploadiram сликите од посетата на Autoworld во Брисел.

Знам дека @velestrumf бил таму, видов дека се тагнал :) и сигурно и тој ќе го сподели ова искуство.

Ептен голем мерак направив што имав конечно шанса да ги видам овие убавици во живо.

Некои марки и прв пат имав прилика да ги видам во живо, од што се толку екслузивни.

Иначе ако се најдете таму, 8 евра е влез, колку сакате седете. Имате и WiFi има кафе, ама мене ми требаа 2 саати само да ги разгледам сите модели.

Имате и онаков Audio tour guide, ама не ми требаше бидејќи прилично сум запознаен со речиси сите модели и историјатот на компаниите.

Како и да е, бујрум уживајте :)








































































И видео на крај

« Последно менување: 17 Август 2017, 17:41:27 pm Carpathian Lord »

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #1 на: 17 Август 2017, 20:39:38 pm »
Богами, јас бев пред речиси 10 години, се надевам го апдејтале малце :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #2 на: 17 Август 2017, 20:47:44 pm »
Може да се договориме и да идеме некој викенд. Да каснеме белгиски компирчиња. Иако некако ми е шубе да одам во Брисел после срањата од “богоизбраните“.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #3 на: 17 Август 2017, 22:14:47 pm »
Абе многу пат е, инаку можеше да се договориме наредна вожња натака да биде

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #4 на: 17 Август 2017, 22:50:06 pm »
Ова пред 4 години, гледам сега има нови возила и друг распоред.

Јас кога бев вториот спрат не беше полн и доле имаше дел каде што склопуваа кола и можеше да се прати.

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #5 на: 17 Август 2017, 23:31:31 pm »
Може да се договориме и да идеме некој викенд. Да каснеме белгиски компирчиња. Иако некако ми е шубе да одам во Брисел после срањата од “богоизбраните“.

Може да се има на ум, мада ќе треба убоо да го испланираме, пошо има некои 300 км од кај нас :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Музеј на автомобили - Autoworld Brussels
« Одговори #6 на: 18 Август 2017, 00:42:02 am »
Може да се договориме и да идеме некој викенд. Да каснеме белгиски компирчиња. Иако некако ми е шубе да одам во Брисел после срањата од “богоизбраните“.

Од тогаш уште еднаш бев Брисел ( пред 20-тина дена ), нема ништо, мирно и цела армија е на улица.

Искрено ни јас не го „обичам“ многу градов. Архитектура супер, историја супер,...народот-турлитава...