Јас имам во фамилија кола земена од АутоМилано во 2017. Колава е супер зачувана, ден денес се вози. Е сеа, како што реков во неколку постови наназад, се знае што може да се зезне и тоа беше средено.
Затоа викам, од сите зла, Аутомилано е најдобро. Башка во последниве 2-3 години дава 6 месеци гаранција. Што опфаќа таа гаранција не знам, тоа ќе видите.
Јас кога барав кола за лепша половина, бев доста импресиониран од колите.
За разлика од другиве плацеви овде беа добри.
Овде и Ауто Барон накај Сопиште што е плацот. Од 6-7 коли што имаа имаа 2 добро зачувани.
Километри кај Барон беа вратени. Пример ми продаваше BMW 116i FL E87 со 120 000км. На CarVertical излезе 203 000km што не е лошо. Колата си беше зачувана и спушти на цена.
Сепак не се решив за тој мотор бидејќи има доста проблеми.