Дали има некој искуство со MTAuto од Охрид ?
Сакам да отидам викендот да погледнам бидејќи пикирав неколку коли ама од Штип сум и да не ми е џабе патот ако не ги бива.
Бегај подалеку. Еден убав збор немам слушнато за нив, претежно носат тешки кршеви, ги маскираат и ги продаваат, и то не ефтино.
EDIT: Да не е само рекла-казала муабетот, во два наврати сум бил таму да гледам кола, еднаш за мене, еднаш за девојка ми, однос нула, заинтересираност нула, двата пати во рок од две минути излеговме од плацот.