Автор Тема: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi  (Прочитано 9036 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« на: 23 Јули 2017, 09:57:10 am »


Викендов ја возиме новата Insignia Grand Sport. Немам слики, не сум стигнал. :)

Првичните импресии се позитивни. Добро изгледа (иако задниот дел ми е недовршен), overall има удобна вожња и фино е заштрафена.

Не ми се допаѓа централната мултимедија. На секое палење мора да стиснеш „океј“ на инфо скрин и такви некои глупости. Рецимо, нема сијаличе да видам дали е уклучена климата или не. Палките за жмигавци/брисачи се некако препластични и ефтини во споредба со остатокот од колата.

Голема е. Стварно голема и дугачка. Среќа моделот што го имаме на тест има камера позади и сензори насекаде, иначе паркирање само со помош од другарчиња.

Рачен менувач, 2-литарски CDTi (мислам, не сум проверил). Фино забрзува, иако педалата за гас ми има премногу „отпор“ при стискање. Менувачот е океј. Троши околу 8 низ град. Overall, стварно одлична лимузина.

Топтан опремена, со head-up дисплеј, LED светла, тралала. Мислам дека кошта околу 34.000.

http://www.carclub.mk/2017/08/01/test-opel-insignia-grand-sport-2-0-cdti-170-innovation-grandiozen-nastap-na-germanskiot-sedan/
« Последно менување: 01 Август 2017, 12:42:15 pm zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #1 на: 23 Јули 2017, 22:00:52 pm »
Дополнување:

- Изненадувачки тивка на автопат. На 120 е на околу 2100 вртежи во минута и е многу, многу тивка. Позитивно!
- Седењето е стварно комотно, барем во седиштата што ги има нашето возило.
- Управувањето е океј. Не е најдиректно на свет, ама е океј.
- Многу простор на задна клупа. Стварно многу. Се гледа дека е многу поголема во однос на прошлата Инсигниа.
- Забележливо подобар фит & финиш. Материјалите се генерално во ред, иако има некои малку неубави пластики. Ама ништо страшно, реално.
- Хед-ап дисплејот е многу добар.
- Сите безбедносни системи функционираат добро. Препознаваат пешаци, велосипедисти, итн.
- Overall, многу фино и комотно возење, и покрај 18-ките.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #2 на: 31 Јули 2017, 22:38:10 pm »
Што ти е опел, мир и тишина :D штурци у темава :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #3 на: 31 Јули 2017, 23:08:56 pm »

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #4 на: 01 Август 2017, 00:33:47 am »
Сериозен конкурент на Суперб ако се понуди по слична цена.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #5 на: 01 Август 2017, 11:13:33 am »
Си ебаа мамата со цениве...

Ај ќе почекаме слики.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #6 на: 01 Август 2017, 12:03:44 pm »
Во споредба со мондеото и пасатот што ги имате возено како стои во поглед на :
-возни карактеристики
-тивкост на автопат
-удобност на седишта
-квалитет на материјали во внатрешноста
Зашто за таа цена од 34000 се земаат солидни варијанти од тие две коли.
Зини да ти кажу.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #7 на: 01 Август 2017, 12:11:48 pm »
Да ама оваа е уште едвај излезена. За да споредуваш со цена види ги цените на инсигниите кога ќе помине година две. Патос и најефтина во класата. Барем до сега било така. Има уште залихи од претходнава за 20.500 инсигнија дизел цакум пакум. Ете цена.

И мондеото кога искочи беше баснословни 34000 евра. И затоа и се продадоа толку примероци колку што не се продадоа.

Еве сега се стабилизираше иако сеуште е височка.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #8 на: 01 Август 2017, 12:14:14 pm »
Не е толку добра за возење како Мондеото. Пасатот е нијанса подобро склопен во кабината (особено хајлајн верзиите, во споредба со оваа, добро-опременава што ние ја возевме) и има нијанса подобри материјали и пластики.

Седиштата би рекол дека кај сите се тука некаде. Нијасни се во прашање, и можно е едни да му одговараат на еден човек повеќе, други на друг.

Пасатот и Инсигниата се потивки на автопат од Мондеото, особено на повисоки брзини. На 120-130 сите се тука некаде.

At the end of the day, ќе се сведе на субјективен избор и добиена цена, а баш во моментот цена Opel увек водел. За мене во овој сегмент избор беа Passat, Mazda 6 и Mondeo, а сега доаѓа и Insignia Grand Sport.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #10 на: 01 Август 2017, 13:19:56 pm »
Цитат
Секако, тука улога игра и одличниот коефициент на отпор на воздухот од само 0.25 Cd, а тоа пак влијае позитивно и на потрошувачката.

Дееееем!!

Цитат
Новата Insignia Grand Sport влече некои дизајнерски детали од кросоверите на брендот, но сето тоа го пренесува во издолжена, привлечна форма.

Некако не би рекол баш... Многу повеќе ги влече од овде:



Opel Monza Concept (2013)





Buick Avista Concept (2016)

Или па може да речеме дека и кросоверите земале по некое деталче од концептиве, али чинам дека Инсигнијата е еволуирана верзија на Buick Avista Concept.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #11 на: 01 Август 2017, 13:22:10 pm »
Well, yes, ама таков им е дизајнерскиот јазик во моментов. Штета што први се појавија кросовери со овој дизајн.


Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #12 на: 01 Август 2017, 13:25:21 pm »
Јеп :(

Требало на темно да ја сликате, со пуштени ДРЛ, и на задниот дел, со стисната кочница... Одлично изгледаат светлата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #13 на: 01 Август 2017, 15:52:54 pm »
Предните седишта различни се, или така добро склопено изгледа тоа куралото за седње кога не е извлечено (на совозачкото)?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Insignia Grand Sport 2.0 CDTi
« Одговори #14 на: 01 Август 2017, 16:59:37 pm »
Курало има машкото седиште. А женското десно нема.