Автор Тема: Закон и начини за возење на бугарски табли  (Прочитано 72907 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #225 на: 31 Август 2023, 23:55:20 pm »
Тоа возило од таа година каталошки се води како Еуро 3. Ако има бугарски документи татко ти нека ја царини таму, тука ништо не прави... Ќе се води како без документи, нема да може да помине на хомологација.

Отсутен Nubislav

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #226 на: 01 Септември 2023, 13:12:18 pm »
Има поминато хомологација и сите други процедури, проблемот е што од полиција му побараа потврда за  платена царина, но од царина не сакат да му издадат

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #227 на: 05 Септември 2023, 09:43:05 am »
Законов изгледа не важи за сите, роднина мој скоро царини возило на БГ табли (1 недела) и најверојатно ќе го вози подолго време.

Во Куманово се купија едно 4-5 возила на БГ таблички во последните 2-3 месеци, со вредност на секое над 50-60.000Е. Се пењавеа година дена по граници со издавање на увозни декларации, и сега пак ја олеснија работата, слободно се поминува насекаде, освен на Ново Село и на Деве Баир во зависност на кој царинарник ке налеташ. Не прават проблем на Богородица, Блаце, Табановце.

Ова за одземање на возила го зборат уште од 2011-та, и ретко некој да имал ваков проблем.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #228 на: 05 Септември 2023, 11:36:19 am »
Претходната кола ја зедовме од Куманово на бугарски таблици, таму има премногу избор на возила на бугарски таблици и се дури и поевтини отколку во Бугарија. Во Прилеп ако има 5 возила кои активно се возат на бугарски табли и тоа не се обични граѓани (или имаат тешки врски во МВР или имаат доста пари).

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1538
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #229 на: 03 Октомври 2023, 10:19:08 am »
Претходната кола ја зедовме од Куманово на бугарски таблици, таму има премногу избор на возила на бугарски таблици и се дури и поевтини отколку во Бугарија. Во Прилеп ако има 5 возила кои активно се возат на бугарски табли и тоа не се обични граѓани (или имаат тешки врски во МВР или имаат доста пари).

Доста пари ама не им стигаат за македонски таблици

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #230 на: 06 Октомври 2023, 20:26:59 pm »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #231 на: 07 Октомври 2023, 13:57:06 pm »
А?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #232 на: 07 Октомври 2023, 14:06:23 pm »
Сигурно со фиат са го носили 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен vozilo123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #233 на: 13 Март 2024, 19:23:49 pm »
дали некој има искуство со изнајмување возило во Бугарија и возење во Македонија? Имам МК државјанство, со постојан престој во трета земја.

Ми се чини дека според царина можам да возам до 6 месеци (во пракса ми требаат само 15 дена). Но не е баш најјасно дали морам да имам престој во истата земја од каде го изнајмувам возилото (Бугарија).

https://www.customs.gov.mk/privremen-uvoz-na-vozila.nspx

-       Граѓаните на Република Северна Македонија имаат можност да внесат и управуваат возило со редовни странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија, доколку постојано живеат во странство и го користат возилото за време на нивниот престој во Република Северна Македонија.

Фала однапред!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #234 на: 13 Март 2024, 19:57:33 pm »
Каква комбинација човече,ова сигурно кога пишеле зак8ни не го размислиле.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #235 на: 13 Март 2024, 20:50:38 pm »
Можиш.

Така доаѓаат овие гастербајтерите кај нас со Ламборџини, Ферари. Ги рентаат (или оперативен лизинг) шо викаме ние го Битола - за кабадајлук.


Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #236 на: 18 Март 2024, 12:13:17 pm »

Запленети 22 автомобили при заедничка акција на Царина и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани.

Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири возила се марка „мерцедес“, три се марка „ауди“, две се марка „бмв“, едно патничко товарно возило е марка „тесла“ и други.

- Advertisements -


Сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Македонија повеќе од 6 месеци.

Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд.

Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на
царинскиот закон, граѓаните на Македонија и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на С. Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на С. Македонија.

Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна царинска постапка за увоз или привремен увоз на возилото

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #237 на: 18 Март 2024, 12:43:57 pm »
Шо му текна пак?
Роднина мој еве вози одамна не му направиле проблем никогаш, мада често го запира полиција да провери дали поминал технички.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #238 на: 18 Март 2024, 15:41:53 pm »
Петокот парче правеа источна македонија

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #239 на: 18 Март 2024, 15:50:36 pm »
Петокот парче правеа источна македонија

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Минатиот викенд беа западна, па сега источна. ;D