Автор Тема: Закон и начини за возење на бугарски табли  (Прочитано 66420 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #165 на: 17 Март 2022, 01:43:11 am »
Јас имам другар, година и пол во Шведска со Форд Фокус возеше на МК таблици. Џандари го застануваа, имаше само македонска возачка, никакви проблеми.

Годинава зеде државјанство, а и возачка конечно 😅 До сеа се шлепаше со македонска возачка. Фордот го продаде тука да си купи Волво таму 😊

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #166 на: 17 Март 2022, 08:33:03 am »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #167 на: 24 Март 2022, 21:48:20 pm »
Просто е ова со таблиците. Не можат да возат со странски таблици тие што имаат место на живеење во МК, без разлика чиво државјанство плус имаат. И така си беше законот само сега почна да се применува по се изгледа и фала богу. Значи ако влезеш со рецимо бугарски пасош во Македонија, тогаш можеш нормално да си ја возиш колата толку колку што е пропишано за странски државјани.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #168 на: 01 Мај 2022, 00:40:33 am »
Јас влегов со кола на БГ таблици и Македонски пасош на Деве Баир пред 3 дена.

Проблемот е во тоа што мора нашата Царина да има систем со кој ке следат кој колку време поминал во Македонија со колата и на влегување да ти дадат некој документ. Сакаат да го спроведат законот за 6 месеци, но нити имаат техничка способност, ниту знаат како.

Бидејки прекршокот се состои во тоа што колата на бугарски таблици се води како нецаринета стока, планираат да воведат давачка за вторите 6 месеци, како би можел и понатака да возиш тука.

По Куманово гледам дека и понатака се купуваат возила од над 40-50000€ на Бугарски таблички, така да, не верувам дека во скоро време ке се реши проблемот.

Ако сте забележале, секоја година има по 2-3 недели ист муабет, дека нема да може да се возат коли со Бугарски таблички, за потоа и понатака секоја петта кола во сообраќај која ке ја видиш, е со БГ таблици.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #169 на: 01 Мај 2022, 01:28:54 am »
Сеа кога ќе ве решат во уставот сите проблеми ќе ви ги снема.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #170 на: 01 Мај 2022, 01:30:59 am »
Аууу, имам пробано еднаш бугарска табла - никад више!

Значи, бугарски табли и албански трави или жени за 145EUR - јок.
Најдобронамерно советувам.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #171 на: 30 Јануари 2023, 23:46:03 pm »
Не се работи за бугарски табли, ама сепак се странски табли во прашање,  дали некој знај некој, какви се можностите да му издадам јас полномошно од мојата кола на гермаски табли, тука на некој мој во мкд, брат или татко да би смеел да ја користи ? Мислам дека не би било изводливо...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #172 на: 31 Јануари 2023, 06:24:56 am »
Не ризилкувај, со северџанија нема играчка. Чув некои моабети дека од први (утре) ќе ги ги одземаат бг возилата. Оваа информација ми е од пред два месеци. Плус ако има и некој инцидент не знам како со осигурањето би го средил тоа кога шоферот нема никаков германски документ, а вози германско возило.


Sent from my iPhone using Tapatalk
« Последно менување: 31 Јануари 2023, 07:53:21 am MAPJAH »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #173 на: 31 Јануари 2023, 07:17:35 am »
Ke odzemaat tasak, ke ripnat odma Bugarive i tolku ke e

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #174 на: 31 Јануари 2023, 07:47:53 am »
Готово,денес е последен ден за БГ возила,нашите нешто инат водат на бугарите 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #175 на: 31 Јануари 2023, 08:18:33 am »
Не се работи за бугарски табли, ама сепак се странски табли во прашање,  дали некој знај некој, какви се можностите да му издадам јас полномошно од мојата кола на гермаски табли, тука на некој мој во мкд, брат или татко да би смеел да ја користи ? Мислам дека не би било изводливо...
Не можи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #176 на: 31 Јануари 2023, 14:09:47 pm »
Сеа има начин за возење или нема? Како е ситуацујата, нешо велеа ќе мора на 6 месеци да се излегува и нови рег таблици да си вадиш? Од бг,


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #177 на: 31 Јануари 2023, 14:44:02 pm »
Мора 6 месеца да биде надвор од МК колата и треба од полиција да извадеш картонче дека не живееш повеќе на таа адреса во МК (за картонче за одјавување од адресата така беше во Март годинава,сеа незнам како е).

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #178 на: 31 Јануари 2023, 15:01:01 pm »
Mora zakonot da se pocituva

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Закон и начини за возење на бугарски табли
« Одговори #179 на: 31 Јануари 2023, 21:30:04 pm »
ОК. Ќе извадиш дека не живееш на таа адреса.

Се враќаш тука. Возиш 6 месеца без проблем.

После шест месеци смени си таблици во БГ ( 40 EUR )

https://avtoekspert.com/2023/01/03/cena-razhodi-registraciya-avtomobil/


За всичко си има процедура 😂