1.0 + Tурбо е многу поразлично од 1.0 без турбо.
Јас имам возено 1.0 Екобуст во Форд Фокус.
Скопје - Подгорица - Скопје го извозев преку Албанија, со тројца во кола со клима и со полн гепек.
Доколку некој не ти каже дека моторот е 1.0 турбо нема да приметиш ништо.
Влече солидно, речиси и подобро од 1.6тди во Октавија. Меѓу забрзувањата се одлични, во комбинација со PowerShift или DSG кај Волксваген ќе биде одличен пакет.
Потрошувачката му е смешна, успеав да извадам 4.9 литри на целата рута во двата правци, а го возев како што возам и секогаш.
Во Албанија на автопатиштата по кривините, маста му ја извадив ниту еднаш не добив впечаток дека на моторот му фали снага.
1.0 ТСИ немам возено сеуште, ама ќе го пробам и ќе пишам.