После точно 5 години, го имам тоа задоволство повторно да отворам тема со ист наслов.
Уште од 2004 година кога прв пат го видов возилово во списанието GenteMotori бев апсолутно заљубен во дизајнот и перформансите.
Илијадници YouTube видеа, review-a, форуми, списанија, па се до Top Gear, Fifth Gear емисиите...и после долго размислување за следно фамилијарно, а и спортско возило со одличен дизајн и перформанси, немаше друга конкуренција освен возилово.
Буквално се прелистав и разгледав, ама
ништо друго не ме влечеше како колава, а особено моторов.
Епа лејдис анд џентс, моето ново возило е...






Се работи за BMW E61 530D со 218 КС, автоматик од 2004 година, прва регистрација 2005 година.
Направен е скрос фул сервис на мотор, менувач, нови гуми, регистрација има уште некој месец.
Немав баш шанса перена да и направам убава фотосесија, така што на некои слики е валкана

ама ќе биде за брзо една добра фотосесија со Nikon-от.
Купена е од газдата на AutoWelt од Кочани, беше негова лична и по препорака ја зедов јас.
Ми гарантираат дека километражата е реална 180 000км, ама јас не сум некој што верува во тие работи, ама па цела кола е исклучително зачувана.
Фали едно добро хемиско и полирање.
Од опрема има буквално се, дури и нешто екстра.
Full Screen навигација, панорамски кров (не сончев), 17 инчни бандаши, фул кожа, греачи на седишта, систем против пролизгување, автоматски светла, фул ксенон, angel eyes, перачи на фарови,...не знам има многу работи кои ги заборавам да ги напоменам.
Што се однесува до чувството за возење,...нешто феноменално.
500Nm на 2000 обртаи и се е кажано.
Епа се надевам дека ќе ви се допадни. Деновиве не сум излезен од неа