Цената која ја плаќаш на физичко лице за автомобилот во старт е без ДДВ, нема потреба ништо да враќаш.
Мислам дека не е баш така, може и јас не знам точно но еве како тоа јас го разбирам.
Во двата случаи ДДВ-то е вклучено во цената, единствената разлика е што преку фирма можеш да побараш да ти биде вратено ДДВ-то кое било платено за колата кон државата но ќе биде пресметано според купопродажната цена на половното возило наместо по цената на ново возило. Ако истата кола ја продава фирма по цена од 5000 евра, и физичко лице по цена од 5000 евра, ако ја купиш од фирма ќе можеш да вратиш ДДВ на сумата од 5000 евра доколку тоа возило се квалификува за поврат на ДДВ, има возила и од фирми за кои не може да се врати ДДВ.