Претходната имаше премногу обична боја, да не речам неубава боја, оваа има супер боја. Претходната со тоа малото дисплејче поарно без дисплејче да беше, во оваа е супер. Баш ми е драго што ги има истите удобни седишта и уште подраго што оваа е нова. За убоо да е.
Претходната беше земена како најдобар избор во моментот.
Опремата и' беше у основно ниво, само со сменети седишта, па затоа тоа дисплејче, мануелна клима итн.
Али се на се, сосема солидно возило си беше и тоа.
Оваа е сосема друг муабет

Фала, со убаво да се враќа.
Многу е поубава во живо, отколку на слики. Вчера ме повозија во неа. Како целосен пакет е многу многу добра и убава. Штом човек др врти да ја гледа, ќе ја биде.
Се примети дека ти напраи мерак

Прав опелџија си станал 
Честито супер кола е, со мерак да си ја возиш и да си купеш најновата инсигнија 
Уште не сум

Фала, со убаво да се враќа

Најискрено, новата Инсигнија претерано многу ми праи мерак и со душа чекам да ме викнат да ја возам.