Ептен топол бран фати у Германијава, па грмушките со евра некако пресушија, немам од каде да наберам пари...
Ефтин избор, не знам баш што сакаш да кажеш со тоа...
Ефтин избор на бандажи?
Не, ако сакаш да земеш асолни бандажи.
Ефтин избор на гуми?
Не, пошто не би се брукал да ставам ефтини гуми на (по)убав бандаж.
20 инчен бандаж не би турил ни на крај памет, уште помалку на комфорно семејно возило, со 1.6 мотор под хауба. Да се посерам од пари давање за бандажи, и после тоа минимум уште толку за гуми, не фала, не сум толку богат и/или глуп.
Можда, и тоа едно големо можда, би упасирал 18ки од Опел што ми се свиѓаат, ама ни тоа не ми се верува. Нејќам толкава цена да плаќам само за изглед, пошо на крај краева, мене ми се свиѓа вака со фабричкиве 17ки.