Автор Тема: Макпетрол или Лукоил ???  (Прочитано 13545 пати)

Отсутен ivan96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Макпетрол или Лукоил ???
« на: 03 Јули 2017, 23:35:34 pm »
Нов член сум и ме интересира сакам да слушнам други мислења и искуства за горивата во МК, каде е поквалитетно и подобро горивото?
инаку возам дизел кола па повеќе би бил заинтересиран за мислење на дизелашите, секако не се на одмет и оние кои користат бензин.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #1 на: 04 Јули 2017, 00:08:13 am »
За мојата кола, дизелаш со бошпумпа:

Лукоил иако добро гориво за понови мотори со комон рејл технологија, на мојата кола која е со бош пумпа гледам дека не е тоа тоа. Чади повеќе а и имам слушано мајсторски маубети дека протекувале бош пумпи од ектото на Лукоил па сеа не знам. Инаку Лукоил предност има што бензиските му се нови, па нови цистерни, резервари па така тешко дека ќе ти наточат тиња или рѓа.

Макпетрол добро гориво во главном. Помирна работа на  моторот, помалку “тракање“ ама за малку повеќе го троши него тоа од Лукоил. На цел резервар разликата е накај 50 до 100 км што не е занермарливо.


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #2 на: 04 Јули 2017, 00:18:46 am »
За нафтата како што кажа johhny..

На лукоил помалку ја троши, повеќе иди (барем така имам заприметено) али па многу чадеше позади и немирно работи машината..
Тука да ставиме одличната услуга (барем во Кичево) каде на лукоил ти е на одлично ниво (сами отвараат капачки, перат шофершајбни и пред)..

На макпетрол услугата е катастрофа, едноставно кажано ги мрзи да живее.. Додека не отвориш капачка ич не ти тура, недај боже да треба да клекни за плин да ти наточи.. Ќе ти испцуе све назад до 3то колено... А и самата бензиска е на распаѓање (само пумпите се нови и нонстоп некоја им е дефект..)...

Е сега јас сум тазе плинаш па ако можи некој поискусен да ми кажи каде и зошто да точам :)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #3 на: 04 Јули 2017, 00:20:27 am »
Иван96 пошто си нов на форумот повели тема за квалитетот на горивата.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,221.1995.html
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17383
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #4 на: 04 Јули 2017, 00:23:41 am »
Ford Fiesta TDCi (2012) не го сакаше дизелот на Лукоил. Во процес на трошење на цел резервоар нивно гориво, поткашлуваше микроскопски (ваљда недоволно за да сигнализира со чек енџн). За да стигнам до дестинацијата ми требаше уште гориво, наточив на Макпетрол, поткашлувањето исчезна.

Ако се множат одговори на темава, ќе заклучиш дека секоја марка има гориво на кое работи подобро од она другото. Треба да само да откриеш на кое гориво помалку се буни твоето возило. :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #5 на: 04 Јули 2017, 08:19:09 am »
За нафтата како што кажа johhny..

На лукоил помалку ја троши, повеќе иди (барем така имам заприметено) али па многу чадеше позади и немирно работи машината..
Тука да ставиме одличната услуга (барем во Кичево) каде на лукоил ти е на одлично ниво (сами отвараат капачки, перат шофершајбни и пред)..

На макпетрол услугата е катастрофа, едноставно кажано ги мрзи да живее.. Додека не отвориш капачка ич не ти тура, недај боже да треба да клекни за плин да ти наточи.. Ќе ти испцуе све назад до 3то колено... А и самата бензиска е на распаѓање (само пумпите се нови и нонстоп некоја им е дефект..)...

Е сега јас сум тазе плинаш па ако можи некој поискусен да ми кажи каде и зошто да точам :)

ами ко му идеш за 300ки на секој сат ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #6 на: 04 Јули 2017, 10:59:21 am »
Мене со 100 ка на Макпетрол ми троши помалку отколку 98 и 95 на Лукил ..и 95 на Макпетрол.
Чудно али вистинито.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #7 на: 04 Јули 2017, 11:25:27 am »
1.9 TDI 110 коња Волксваген мотор од 1999, имав наточено од Макпетрол, колата беше многу бучна, не забележав разлика во потрошувачка, ама па и не мерев. Ставив Екто на Лукоил, колата почна да работи 30-40% потивко, извозев 1080км со 2500 денари во април.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #8 на: 04 Јули 2017, 12:20:06 pm »
Мене од плинот на Лукоил ми мирисаат издувните некако грдо, дали од некој адитив

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2639
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #9 на: 05 Јули 2017, 18:07:43 pm »
За мојата кола, дизелаш со бошпумпа:

Лукоил иако добро гориво за понови мотори со комон рејл технологија, на мојата кола која е со бош пумпа гледам дека не е тоа тоа. Чади повеќе а и имам слушано мајсторски маубети дека протекувале бош пумпи од ектото на Лукоил па сеа не знам. Инаку Лукоил предност има што бензиските му се нови, па нови цистерни, резервари па така тешко дека ќе ти наточат тиња или рѓа.

Макпетрол добро гориво во главном. Помирна работа на  моторот, помалку “тракање“ ама за малку повеќе го троши него тоа од Лукоил. На цел резервар разликата е накај 50 до 100 км што не е занермарливо.


Јас па обратно знам, на Лукоил ектото убаво му доаѓало на постар мотор. И јас точам на дизелаш со бош пумпа и не сум приметил ни тропање ни чадење...
Мислам дека повеќе е субјективно

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #10 на: 06 Јули 2017, 00:47:58 am »
Кај мене Астрата е со бош пумпа кога ставам нафта од Макпетрол помирно ми работи но нешто побргу го троши за разлика од Лукоил кога ќе ставам нешто побучен ми е моторот а некогаш знае да ми се запали за кратко chek engine ламбичката но повеќе километри поминувам со него .....

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #11 на: 06 Јули 2017, 21:28:28 pm »
Макпетрол

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6724
  • French diamond
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #12 на: 28 Септември 2018, 15:31:42 pm »
Денес имав една непријатна случка со неспособните вработени од Макпетрол, имено загинав една сметкопотврда од Понеделникот, која ми требаше денес да ја однесам во фирмата за да ги оправдам парите ...ми беше кажано дека можам да побарам копија од Макпетрол и дека ги имаат во компјутерот.

Одам на бензиска и ги замолив да побараат копија, зеде бараат тој шефот и вработената можи едно 15 минути и ми вика таква регистрација не наточила тука тој ден...јас знам дека наточив и упорно му кажувам и сат и пумпа се, а тие се погледнуваат еден со друг и се потсмеваат демек ете ги украдов парите па сега лажам да се оправдам што најмногу ме изнервира.

Среќа по некој сат барање си ја најдов сметката кај што ја дувнал ветрот и се вратив да му покажам, дека вистина сум турил точно тогаш и дека се неспособни, гадни и глупи старци изповработени таму, поради кои ќе си платев од сопствен џеб 2000. И да, одкако се испокарав и ги обвинив
дека незнат да побараат, ја најдоја со помош на оригиналот. Маметоо ваше неспособно !

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #13 на: 28 Септември 2018, 15:45:09 pm »
Колку што ти си изгубен, толку и они се изгубени. Не дека само они ќе ти беа криви ако не ја нашле сметката ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6724
  • French diamond
Одг: Макпетрол или Лукоил ???
« Одговори #14 на: 28 Септември 2018, 16:04:07 pm »
Така де, ама кога веќе чуваш историја на полнења и сметки и сам се нудиш во ваков случај да извадиш копија, правилно е да научиш како да го користиш компјутерот и да бараш во базата на податоци, а не да се потсмеваш и да го правиш некој будала и лажго.