Да го представам новиот миленик.. BMW e46 coupe! Еден од многуте dream cars што биле љубов на прв поглед
По одредена потрага и ограничен кеш, морав да се задоволам со 4 цилиндра мотор и 143кс (планот беше 2.5 и 192кс), но тие што ги пробав во рангот на цената беа премногу уништени..
Инаку со стандард опрема климатроник, електрики, стандардни седишта.. Од додатна опрема има рингови на брзинометрите, angel eyes, xenon, затемнети стакла, плин, 17" бандаши со нови гуми, украсно издувче и тоа..
Увезена е од италија, јас ја земав од Битола со помош на
@DasAuto. Километрите можеби се реални (а можеби и не), пошто компјутерот на колата не е пипнат, и ентереиерот си е доста сочуван ко за 15год старост.
Моторот е N42B20- 2.0 со 143кс и доста солидно си ја тегне каросеријата.. Потрошња на плин околу 12л низ град, околу 9 на отворено што е во границите на нормалата.
Една мини галерија.. уживајте