Веројатно е за ослободување и треба да биде ослободен и награден.
Прочитај ја, па да видиш колку е глупо и безидејно срочена.
Дали е бесправно осуден? Дали има некоја неправда направено спрема него, па петицијата бара правда?
Секој има право да си го одбрани животот. Ама нема право да одземе туѓ живот. Затоа и се одговара за убиство во одбрана. Постојат олеснителни околности, сигурно.
Ние сме под импресии дека полицијата не си ја врши работата и дека секој треба да стане „панишер“ и да земе правда у свои раце и многу лесно се радуваме на вакви работи, кај што разбојниците нае*але. И јас викам „добар пример“. Ама не е тоа правда. Правда е спроведување на закони и почитување на правниот систем. Правото на живот е уставно загарантирано, затоа и законите се такви какви што се.
Зошто да биде награден? Фатил криминалци и ги изнел пред лицето на правдата? Не. Им пресудил на лице место. Го земал законот во свои раце. Дали за тоа треба да одговара пред судот на правдата. Сигурно. Судот треба да се изјасни прво, па да видиме дали е некако обесправен, па да бараме правда.
Дали јас би го направил истото во таква ситуација? Веројатно да... И би ги лежел без многу каење, да не помисли некој дека мислам дека згрешил човекот, и јас сум на негова страна. И би сакал да го видам слободен, условно пуштен за убиство во самоодбрана.