@JR фати се здраво по огласи. Врти наназад и до 2016 огласи.
Агенции ќе најдиш еден куп, ама никој не работи како шо треба.
Јас исто како тебе тргнав. Еве имам толку пари, сакам таков стан. Дајте понуда.
Штама...
После јас му наоѓав што имаат огласено и ги терав да ми ги покажуваат. Па и уште ти викаат ќе се чекаме таму пред станот.
Шо прај агентото во ситуацијата? Седи до мене, ми го држи дандало. После па бара 2% од продажбата.
Најчесто истите станови шо се од агенции ги има и на оглас од газдите.
Друга работа. Каде што живеам имам заприметено дека има станови кои се апла празни со години. Оштетени прозори, никогаш нема светло. Запрепастени тераси.
Види кои се тие станови, каче се горе, побарај по комшии контакт. Можи ќе ти се усреќи.