Ако на некого му даваат 500 евра, ќе јуриша и на коњ. Јас знам дека има Индијци кои работат за 250–300 долари месечно и парите ги праќаат дома преку Western Union. Организирано доаѓаат со автобуси на градилишта, како мравки – сè е добро испланирано тоа веќе минимум 2 години. Ги има во многу сектори: електричари, водоводџии, одвод, градежници, ѕидари, тесари од темел до кров.
Нашите работници се сметаат за „скапи“. Односно, ние ниту нè фермаат, ниту постоиме. Во оваа вукојебина си само даночна бројка за државата и ништо повеќе. Никого не го интересира дали постоиш, дали институциите функционираат или не. Колку и човек да сака да се труди и да биде култивиран, не оди – и не оди.
Осудени сме на пропаст, најпрво од самите себе. Со општество во кое 60+ луѓе, што цел ден гледаат телевизија, ти ја кројат иднината на избори. Корупција на секое ниво.
Покажи ми еден млад човек, од 18 до 40 и нешто години, на зрела и одговорна позиција – и сè ќе ти стане јасно во каков „big shit“ е доведено ова општество.
Тажно поразително понекогаш спасот е само да не си тука.
А воедно и тоа е спасот за самиот себе и својот живот овдека не вреди да се троши ниту еден ден од животот
Доволно е да го донесат човек на 70 години и погребат се останато е како и до сега а од сега само полошо и помизерно.
Важно на вемероидиве и комуњариве десничари левичари какви год да се партиски паразити и ботови данок им е платен.Тоа нека им остане во животот а пензија што нема да дочекаат тоа е веќе друга тема.
Bato sekade si samo danocna brojka za molzenje...Sekade vo svetov
Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
Бато, јас не велам дека не треба данок да се плати, треба само да се умре и данок да се плати. Ние сме соочени со монополска, корумпирана институција, која после 6 години прави рекет врз луѓе. Верувај, се ќе падне на суд и е противзаконито и неосновано. Ова што сега собираат пари за 2020, ќе вратат со камати и од народ ќе си го јаде, а овие моменталниве, не верувам дека некој ги гласа во иднина со ваква политика лоповска и антимакедонска пред се, а наредна влада ќе си тера во координација со адвокати како и за се што е впрочем тука у овој трул систем.
Ова држава, знаеш ли колку има изгубени случаи и треба да исплати поради пропусти на нивни институции? Нека си они одговараат, а не обични луѓе. Тоа што немаат пари, они ја водат државата, он сноси одговорност, он зема 250 илјади денари за 25 дена, не јас и ти и останати илјадници дали директор на институција министер вработен и така натаму значи зима плата кај бил 6 години и каде била таа институција каде ти е известување ако "требало" јас лични имам прашувано во ујп и речено дека нема данок и после 6 години пу пу не важи и кој треба да сноси одговорност? Јас, ти и останатите сме по бел свет, итаму плаќаме данок каде што сме.
За да ти појаснам подобро, за да разбереш, работиш во земја каде претежно во исламски, односно арапски земји, нема данок – тоа им е така уреден систем. Како да објасниш на луѓе кои не знаат ништо, како да им докажеш дека ниту си живеел, ниту работел, ниту си присутен физички во Македонија? Данок ќе платиш таму каде живееш а некаде не постои данок.Ке ти објаснам и како и во кој случај.
Еве ти пример: имаш бугарски пасош, имаш две живеалишта – дали данок сега треба и Бугарија да платиш затоа што имаш државјанство и адреса во Бугарија? Исто така имаш и пасош од Македонија или банкарска сметка во МКД, и обратно? Ако не ти е јасно, ќе објасниме.
Имаш земји кои нема даночување – ЗНАЧИ НЕМА ДАНОК: арапски земји, Авганистан, Кувајт, Катар, Иран, Саудиска Арабија и уште неколку немаат данок според нивниот шериат, ислам – нема данок.
Е сега, тоа што ти си таму седел, живеел, работел, а имаш само банкарска сметка во Македонија, си направил услуга на државата и на банките. За да ти објаснам поубаво, следно е вака: ако треба да плаќаш данок од 10% на своја плата заработена од горенаведените земји, дали би отворил девизна сметка во МКД? НЕ.
Во соседство: Босна, Косово, Хрватска, Србија – од такви држави и плати нема ДАНОК. Само во Македонија има измислен данок, ретроактивен после 6 години. За вистината да стане појасна, ова е класичен рекет врз сопствен народ, кој го тера да изнесе пари од македонски банки, да носат во други земји или дома да си чуват.И да имат гнев неправеден и се додека не резултира со жртва инфракт,мозочен и слично.Да имало нешто не чисто нема некој 6 години да те чека.
Што кажува ова? Имаш виза издадена во пасош, имаш престој, имаш сите документи дека не живееш во Македонија. НЕКА ИЗЛЕЗЕ ЈАВНО И НЕКА КАЖЕ КАКО СЕ УТВРДУВА И НАПЛАЌА ДАНОК и нека каже: НЕРЕЗИДЕНТИ – ова испаѓа: ти имаш македонско државјанство и каде и да ти се парите во свет, ќе ти земеме 10%, воља на вистина е, да се знае вистината.
Само ми е жал што малтретираат луѓе и се свесни дека дебело ќе платат за ова. Се надевам дека појаснивме некои работи. ЗНАЧИ, уште еднаш: постојат држави според нивниот закон, особено арапски, каде не постои данок.
Тоа што они рекетираат по нивен толкуван закон е веќе друго.
Како може во Сарајево да нема Данок на исти пари од исти држави ,Приштина,Загреб во Македонија да има зарем е некој луд да отвори рачун и на своја плата 10% да дава на држава од која нема ништо ниту живее ,што треба да се откаже човек од Македонско државјаснтво?
Што ти се ова кажува дека е лов на пари ваква мизерија од држава и институции се нема видено.
Што подалеку и пари надвор од овој северистан.