Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2739602 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18915 на: 16 Јануари 2026, 09:15:01 am »
Ами овој пиштол од Милвоки на многу видеа ми има излезено, гледам има повеќе модели и имаат +/-2000Nm за одвртување на заглавени штрафови.
Многу американци со колнат во него, и на сите видеа е оправдано. Џабе лостот кога од пола цол се скрше забот, а пиштолот му е 3/8".

Едит: Само малку солен е кај нас за домашна употреба, само 45000ден.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15116
  • Пудингот на шоферството
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18916 на: 16 Јануари 2026, 09:47:35 am »
Не се сомневам дека пиштолот е добар и квалитетен,но видеото повеќе би го сватил како реклама за пиштолот.
Нема пиштол шо може да замени лост од 3 метра.😂😂😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18917 на: 16 Јануари 2026, 19:29:15 pm »
За нив колку ке е квадрат станот?  Ова ко замена ние по Европа они кај нас...Зошто овој народ не излегува на протести зошто ? Толку ли ви е се арно
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18918 на: 16 Јануари 2026, 20:10:44 pm »
Се смеевме кога викаа дека ке има толку многу работни места, што ке мора да увезуваме работна сила.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5380
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18919 на: 16 Јануари 2026, 20:40:43 pm »
Kako ni vikaa koa pocnuvav da rabotam pred 10tina godini. Za 300€ so masinski zavrsen i uste ako nejkes ti ima eden kup lugje ke se najde drug....

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 269
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18920 на: 17 Јануари 2026, 13:10:43 pm »
Пред месец дена реновираа(прилично очајно и апсолутно несоодветно за болница, бои базирани на алкални смоли шо смрдат корнат 3 дена и триста други такви ,,ситници'') во ГАК, тендерот го лапнала тетовска фирма со индиски работници(да пуштиш индијци на гинекологија треба да си нестабилен).
Не е тоа зошто нема асални фирми или работници кај нас туку затоа што фирмата што треба да го земе тендерот може да си дозволи да даде најдобра/најниска/најнеквалитетна понуда оти за неа работат индијци шо ги плаќаат 500 евра наместо македонци шо ќе треба да ги плати 1200 евра.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18921 на: 17 Јануари 2026, 13:28:57 pm »
Ако на некого му даваат 500 евра, ќе јуриша и на коњ. Јас знам дека има Индијци кои работат за 250–300 долари месечно и парите ги праќаат дома преку Western Union. Организирано доаѓаат со автобуси на градилишта, како мравки – сè е добро испланирано тоа веќе минимум 2 години. Ги има во многу сектори: електричари, водоводџии, одвод, градежници, ѕидари, тесари од темел до кров.

Нашите работници се сметаат за „скапи“. Односно, ние ниту нè фермаат, ниту постоиме. Во оваа вукојебина си само даночна бројка за државата и ништо повеќе. Никого не го интересира дали постоиш, дали институциите функционираат или не. Колку и човек да сака да се труди и да биде култивиран, не оди – и не оди.

Осудени сме на пропаст, најпрво од самите себе. Со општество во кое 60+  луѓе, што цел ден гледаат телевизија, ти ја кројат иднината на избори. Корупција на секое ниво.

Покажи ми еден млад човек, од 18 до 40 и нешто години, на зрела и одговорна позиција – и сè ќе ти стане јасно во каков „big shit“ е доведено ова општество.

Тажно поразително понекогаш спасот е само да не си тука.

А воедно и тоа е спасот за самиот себе и својот живот овдека не вреди да се троши ниту еден ден од животот
Доволно е да го донесат човек на 70 години и погребат се останато е како и до сега а од сега само полошо и помизерно.

Важно на вемероидиве и комуњариве десничари левичари какви год да се партиски паразити и ботови данок им е платен.Тоа нека им остане во животот а пензија што нема да дочекаат тоа е веќе друга тема.

You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5380
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18922 на: 17 Јануари 2026, 15:22:40 pm »

Bato sekade si samo danocna brojka za molzenje...Sekade vo svetov

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18923 на: 17 Јануари 2026, 16:09:16 pm »

Бато, јас не велам дека не треба данок да се плати, треба само да се умре и данок да се плати. Ние сме соочени со монополска, корумпирана институција, која после 6 години прави рекет врз луѓе. Верувај, се ќе падне на суд и е противзаконито и неосновано. Ова што сега собираат пари за 2020, ќе вратат со камати и од народ ќе си го јаде, а овие моменталниве, не верувам дека некој ги гласа во иднина со ваква политика лоповска и антимакедонска пред се, а наредна влада ќе си тера во координација со адвокати како и за се што е впрочем тука у овој трул систем.

Ова држава, знаеш ли колку има изгубени случаи и треба да исплати поради пропусти на нивни институции? Нека си они одговараат, а не обични луѓе. Тоа што немаат пари, они ја водат државата, он сноси одговорност, он зема 250 илјади денари за 25 дена, не јас и ти и останати илјадници дали директор на институција министер вработен и така натаму значи зима плата кај бил 6 години и каде била таа институција каде ти е известување ако "требало" јас лични имам прашувано во ујп и речено дека нема данок и после 6 години пу пу не важи и кој треба да сноси одговорност? Јас, ти и останатите сме по бел свет, итаму плаќаме данок каде што сме.

За да ти појаснам подобро, за да разбереш, работиш во земја каде претежно во исламски, односно арапски земји, нема данок – тоа им е така уреден систем. Како да објасниш на луѓе кои не знаат ништо, како да им докажеш дека ниту си живеел, ниту работел, ниту си присутен физички во Македонија? Данок ќе платиш таму каде живееш а некаде не постои данок.Ке ти објаснам и како и во кој случај.

Еве ти пример: имаш бугарски пасош, имаш две живеалишта – дали данок сега треба и Бугарија да платиш затоа што имаш државјанство и адреса во Бугарија? Исто така имаш и пасош од Македонија или банкарска сметка во МКД, и обратно? Ако не ти е јасно, ќе објасниме.

Имаш земји кои нема даночување – ЗНАЧИ НЕМА ДАНОК: арапски земји, Авганистан, Кувајт, Катар, Иран, Саудиска Арабија и уште неколку немаат данок според нивниот шериат, ислам – нема данок.

Е сега, тоа што ти си таму седел, живеел, работел, а имаш само банкарска сметка во Македонија, си направил услуга на државата и на банките. За да ти објаснам поубаво, следно е вака: ако треба да плаќаш данок од 10% на своја плата заработена од горенаведените земји, дали би отворил девизна сметка во МКД? НЕ.

Во соседство: Босна, Косово, Хрватска, Србија – од такви држави и плати нема ДАНОК. Само во Македонија има измислен данок, ретроактивен после 6 години. За вистината да стане појасна, ова е класичен рекет врз сопствен народ, кој го тера да изнесе пари од македонски банки, да носат во други земји или дома да си чуват.И да имат гнев неправеден и се додека не резултира со жртва инфракт,мозочен и слично.Да имало нешто не чисто нема некој 6 години да те чека.

Што кажува ова? Имаш виза издадена во пасош, имаш престој, имаш сите документи дека не живееш во Македонија. НЕКА ИЗЛЕЗЕ ЈАВНО И НЕКА КАЖЕ КАКО СЕ УТВРДУВА И НАПЛАЌА ДАНОК и нека каже: НЕРЕЗИДЕНТИ – ова испаѓа: ти имаш македонско државјанство и каде и да ти се парите во свет, ќе ти земеме 10%, воља на вистина е, да се знае вистината.

Само ми е жал што малтретираат луѓе и се свесни дека дебело ќе платат за ова. Се надевам дека појаснивме некои работи. ЗНАЧИ, уште еднаш: постојат држави според нивниот закон, особено арапски, каде не постои данок.

Тоа што они рекетираат по нивен толкуван закон е веќе друго.

Како може во Сарајево да нема Данок на исти пари од исти држави ,Приштина,Загреб во Македонија да има зарем е некој луд да отвори рачун и на своја плата 10% да дава на држава од која нема ништо ниту живее ,што треба да се откаже човек од Македонско државјаснтво?
Што ти се ова кажува дека е лов на пари ваква мизерија од држава и институции се нема видено.
Што подалеку и пари надвор од овој северистан.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18924 на: 19 Јануари 2026, 13:17:22 pm »
Да не има некој сервисни жици: 000 979 009 E?
Или да нарачувам од Али

Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2812
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18925 на: 20 Јануари 2026, 07:54:03 am »
@Jimny Во врска со данокот, гледам засегнат си, како и доста луѓе што ги знам.

Факт е дека државата требала уште 2020 година да прати решение за данок (затоа што бил пресметан уште тогаш) АМА плаќањето на данокот не застарува до 5 години.

Тоа со резидент и нерезидент, го објаснија малку појасно пред некој ден. Ти одиш во странство да работиш некои 10 месеци годишно, без да пријавиш во МВР отсуство од државата повеќе од 3 месеци, парите ти легнуваат на сметка во Македонија, каде живее твоето семејство, каде си купил куќа/стан, каде си купил кола на МК таблици и за која плаќаш регистрација и осигурување во МК, каде користиш ти и твоето семејство здравствени услуги, твоите деца одат во школо, каде реално е твојата дома. Се ова те прави резидент на Македонија, а не на Ирак/Авганистан.

Во Ирак/Авг работиш и живееш во база, со платен престој и храна и слободни активности, не си резидент на Ирак/Авг. Да не случајно си отишол во маркет во Кандахар да купиш јајца, па ете да кажеш живееш во Авг.

Во ситуацијата, државата треба да има сенс само за кратките рокови на кои ги изложи луѓето, за да можат да ја обнезбедат бараната документација од фирмите и да ги достават до УЈП, ако реално се плаќало данок за нашите работници во Ирак/Авг.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18926 на: 20 Јануари 2026, 08:35:19 am »

Oва не е точно решенија се изготвени за наплата околу 30/31 декември 2025 / за период од 2020 год, а доставени  пред недела дена на многу луѓе и не само ирак,афг, имаш многу други арапски земји. Значи пак нешто не штима и лов на пари што правиме со тоа што ако 2024 година си сам отишол во ујп да прашаш дали треба да платиш нешто или пак при враќање дома пред 5 годиниИ кажно НЕ да имало нешто ке си добиел м?.Ако е изготвено решение како што велиш 2020 година зошто не би го пратиле за наплата зошто би чувале 5 години нешто ? документот вели друго изготвено решение 30 декември 2025?Чиј тоа е пропуст или измислен лов на пари.Пасош кој го издал? со кој пасош си напуштил држава и како би работел и правел пали ако си надвор од земја а при тоа во банка?Фичо јасно е ко дан на сите да не се правиме наудрени судовите ке имаат работа а за ова ке си одговараат ова што сегаго прават.ДАНОК треба да сеплати никој не бега од него.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18927 на: 20 Јануари 2026, 09:31:07 am »
Јас не знам кој е тој технички проблем, банките и УЈП да не се синхронизирани кога ќе има уплата од сметка на фирма на физичко лице т.е од фирма да не можеш да уплатиш на сметка на физичко лице без конто број спремно од УЈП.

Тоа е две минути работа. Книговодителот кога ќе префрла пари на физичко лице да нема опција да префрли на поинаков начин.

Со тоа по автоматизам данокот ќе биде платен.

Заради пропуст на системот, сега го малтретираат народот пред 5 години да бара документи за трансфери, па да уплаќаат па не знам што, со рок од 20 дена.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7780
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18928 на: 20 Јануари 2026, 12:09:03 pm »
@Jimny Во врска со данокот, гледам засегнат си, како и доста луѓе што ги знам.

Факт е дека државата требала уште 2020 година да прати решение за данок (затоа што бил пресметан уште тогаш) АМА плаќањето на данокот не застарува до 5 години.

Тоа со резидент и нерезидент, го објаснија малку појасно пред некој ден. Ти одиш во странство да работиш некои 10 месеци годишно, без да пријавиш во МВР отсуство од државата повеќе од 3 месеци, парите ти легнуваат на сметка во Македонија, каде живее твоето семејство, каде си купил куќа/стан, каде си купил кола на МК таблици и за која плаќаш регистрација и осигурување во МК, каде користиш ти и твоето семејство здравствени услуги, твоите деца одат во школо, каде реално е твојата дома. Се ова те прави резидент на Македонија, а не на Ирак/Авганистан.

Во Ирак/Авг работиш и живееш во база, со платен престој и храна и слободни активности, не си резидент на Ирак/Авг. Да не случајно си отишол во маркет во Кандахар да купиш јајца, па ете да кажеш живееш во Авг.

Во ситуацијата, државата треба да има сенс само за кратките рокови на кои ги изложи луѓето, за да можат да ја обнезбедат бараната документација од фирмите и да ги достават до УЈП, ако реално се плаќало данок за нашите работници во Ирак/Авг.

Ова го нема во ниту еден закон појаснето, и е чиста измислица, и не ми јасно за колку глуп го сметаат народот. Ниту пак е прецизирано кога ке излезеш надвор од Македонија дали си бил во воена база или не и како тоа ти го дефинира статусот на нерезидент. Исто не е точно, луѓе што биле во Ирак, имаат добиено резидентна карта од Ирак. Што правиме со луѓето што се ергени, да не речам самци, немаат деца да користат школи, здравствени услуги итн?

Како е можно Американците, иако нивните деца, коли, куќи се во Америка, да бидат ослободени од данок, ако поминат Х број на денови надвор од Америка?

Ова е апсурд од епски причини, и иако лично не ме тангира, се вратив од Авганистан 2012, го разбирам гневот кај луѓево. Многумина не се ни свесни низ што се морале да поминат за тие пари, и сега некој им бара да платат данок за 5 години, во 14 дена.

Пред да идам, го читав законот, се сметам за доволно неглуп за да го разберам како е пишан. И го сфатив исто како што е и сега напишан. Ако си надвор повеќе од 6 месеци, не си резидент, а со тоа и не мора да плаќаш данок. За да се осигурам дека добро сум разбрал, лично прашував во УЈП пред да идам, и ми кажаа усмено дека штом сум повеќе од 6 месеци надвор, нема да мора да плаќам данок. Никој не ми спомна сфера на интерес, коли, куќи, бази. Штета што не ми текна да пратам мејл, да имам црно на бело. Никој, апсолутно никој не ми кажа дека треба некаде во МВР да се пријавам дека ке сум надвор повеќе од 3 месеци, затоа што ова директно ке ми влијае на резидентниот статус. Ниту пак знам еден Кумановец од скоро 15000 што се биле таму, дека има пријавено отсуство од државата.

Само да појаснам дека не сум против плаќање на данок на доход, но ова морало многу подобро да се изменаџира. Прво, да им се каже на луѓето дека ке почне ваква наплата, уште 2018-та, кога е донесен законот, и да си иде година за година. Тоа што до сега не се применувало е уште поголем проблем.

За мир во куќа, УЈП би требало да им појасни на сите што точно треба да се достави како документ, да има малку разбирање дека не можеш лично да отидеш во УЈП во Ирак или Авганистан, и да им извадиш документ, и евентуално да кажат дека вака ке го применуваат законот, со почеток од 2025-та. 

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18929 на: 20 Јануари 2026, 12:17:00 pm »
Јас не знам кој е тој технички проблем, банките и УЈП да не се синхронизирани кога ќе има уплата од сметка на фирма на физичко лице т.е од фирма да не можеш да уплатиш на сметка на физичко лице без конто број спремно од УЈП.

Тоа е две минути работа. Книговодителот кога ќе префрла пари на физичко лице да нема опција да префрли на поинаков начин.

Со тоа по автоматизам данокот ќе биде платен.

Заради пропуст на системот, сега го малтретираат народот пред 5 години да бара документи за трансфери, па да уплаќаат па не знам што, со рок од 20 дена.

Затоа што дозволено е да се прати и позајмица од фирма на физичко лице исто така, за која не се плаќа данок.