Прикажувањето на производите од тутун и нивна употреба ќе се забрани и во телевизиски содржини, содржини кои се објавувани од инфлуенсери или поткастери, театарски претстави, радио, телевизиски, видео и кинематографски новинарски програми
И така, полека си навлегуваме во соба на среден век во соба на инквизицијата.
Недостасува уште забрана за прикажување филмови во кои се пуши,.
Фиксање може ама цигарче не.
Од Џон Вејн, па се до Шварценегер, забранети ликови за гледање.
Понатаму, нешто као
просторија за пушачи без ѕидови (еден ѕид само) најлони, таваници...да не се знаел мајчин јазик, тоа е веќе простор, не просторија.
Понатаму забрана не само во, туку и пред објекти.
Пред да запалиш убаво да се информираш дали во околина има некаков јавен објект, автобуска станица или слично, и најдобро да стоиш во место, бидејки пешачејки може да навлезеш во забранет периметар.
Најдобро нека ја забранат продажбата ако се веќе толку "загрижени" за здравјето на нацијата.
Министерството за здравство како креатор на овие измени смета дека се неопходни, а целта е да се спречи здравствена катастрофа.
Се прашувам каква катастрофа?