Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2743021 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18405 на: 06 Октомври 2025, 09:13:06 am »
Друже, освежи ми го памтењето ама нели дури сеа пред некоја недела раскрсти со лизинг компанијата?



Освежувам: Надоврзи се на муабетот погоре. Кими објаснуваше финансиска конструкција за тоа колку плата треба да земаш да си дозволиш кола од 30000 евра т.е 3000 евра.

Ако е 90% како што велиш — дај Боже да грешиш. Во ваква сиромаштија од економија и стандард, со плата од 1000–1500 евра, едноставно е невозможно човек да издвои 500 евра секои 28–29 дена. Тоа е неостварливо, а одговорот го гледаме по нашите патишта — возниот парк е стар, возилата се далеку од нови. Најретардирана работа е да фрлаш по 500 евра месечно за ламарија — ова го има само кај нас, во сиромашна земја. Во развиени држави такво нешто нема. Не сум финансиски советник, туку реален човек. Нема ништо поефтино и поисплатливо од кеш — запомнете го тоа! Фаќајте го патот на време, патот кон Европа, па после трошете пари во Македонија. Во спротивно, само себе си се упропастувате.


Математиката е следна

Тој зема 1500 евра, таа околу 1000 евра.

Рата за стан плаќа 500 евра.

Рата за кола плаќа 500 евра.

1500 плаќа месечно за живот.

500 евра трга на страна.







Реална ситуација во 80% од македонски семејства:

Тој зема 500 евра, таа околу 400 евра.

Кирија за стан плаќа 200 евра.

Рата за кола не плаќа.

800 плаќа месечно за живот.

На страна трга курац, пошто е 100 евра минус.

Тоа е тоа отприлика.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4287
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18406 на: 06 Октомври 2025, 10:15:27 am »
Друже, освежи ми го памтењето ама нели дури сеа пред некоја недела раскрсти со лизинг компанијата?



Освежувам: Надоврзи се на муабетот погоре. Кими објаснуваше финансиска конструкција за тоа колку плата треба да земаш да си дозволиш кола од 30000 евра т.е 3000 евра.

Ако е 90% како што велиш — дај Боже да грешиш. Во ваква сиромаштија од економија и стандард, со плата од 1000–1500 евра, едноставно е невозможно човек да издвои 500 евра секои 28–29 дена. Тоа е неостварливо, а одговорот го гледаме по нашите патишта — возниот парк е стар, возилата се далеку од нови. Најретардирана работа е да фрлаш по 500 евра месечно за ламарија — ова го има само кај нас, во сиромашна земја. Во развиени држави такво нешто нема. Не сум финансиски советник, туку реален човек. Нема ништо поефтино и поисплатливо од кеш — запомнете го тоа! Фаќајте го патот на време, патот кон Европа, па после трошете пари во Македонија. Во спротивно, само себе си се упропастувате.


Математиката е следна


Тој зема 1500 евра, таа околу 1000 евра.

Рата за стан плаќа 500 евра.

Рата за кола плаќа 500 евра.

1500 плаќа месечно за живот.

500 евра трга на страна.

Тоа е тоа отприлика.






Математиката класична кабадајска...12 илјади зема, 15 илјади троши. Три илјади да го отепаш не знај од кај му се
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18407 на: 06 Октомври 2025, 10:18:26 am »
Е ама вози џипче :) Ти ќе се туткаш во обичен седан.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18408 на: 06 Октомври 2025, 10:28:14 am »
Ако е 30к тогаш 3к месечни приходи требаат.

Но и при тие приходи 30к за мало ев возилце се многу пари и финански погрешна одлуука.

Јас ти гарантирам дека со 3к месечни приходи никој нема да погледне ваква играчка. 3к и не се така многу во денешнава економија.

А со 5к месечно веќе ќе целаш во друга категорија и возилово едноставно нема смисла.

Секако дека има смисла. Не му е намената да биде примарно возило, ама како брка работа за брза навигација низ град, пазарење, оставање деца на школо, и слични секојдневни работи на кратки релации ако имаш дома полнач, милина. Нешто како Симо со up-от, само ова не е VAG и е кул, no offense @Simo - Carrier159  ;D

Со 3000 евра месечно второ возило од 30 и кусур тешко. Примарно возило ќе ти биде макс 25к а второ и тоа само под услов ако веќе мора второ возило испод 10к.
Се над тоа е финансиски неодговорно барем според мојата финансиска писменост.

Муабетот беше за 5к, таму рече дека нема смисла ова возило.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18409 на: 06 Октомври 2025, 11:02:33 am »
кими сака да кажи дека зема над 4к плата пошто нов тјусон зеде, оти со помала испаѓа финансиски недоговорно лице.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18410 на: 06 Октомври 2025, 11:04:06 am »
Процедурално: фиде,макарони кога се на акција по маркетите 🤣
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7649
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18411 на: 06 Октомври 2025, 11:39:34 am »
Да плаќаш кирија во Македонија каде скоро секој има куќа/стан од татко/дедо е забегано. Или си провинцијалец со Скопје.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18412 на: 06 Октомври 2025, 11:55:23 am »
Епа братче, ако сакаш да клецаш а да не те слуша мајка ти и татко ти, а тука сте во три соби, ќе одиш под кирија и оро ќе играш. Ако не чекај душа човек да испушти, па да имаш кров над глава. Друго решение нема. Темели да удираш и куќа да правиш во Македонија? Тоа е веќе изумрено. Стандардот си ги прави своето, и ако не ти е тешко, под провинцијале што се подразбира дали тој од Околина на Пехчево ако дојди да живее во центар на Пехчево е тоа провицијалец или важи само за градот Скопје?
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18413 на: 06 Октомври 2025, 12:04:09 pm »
Да плаќаш кирија во Македонија каде скоро секој има куќа/стан од татко/дедо е забегано. Или си провинцијалец со Скопје.

Попрво би плаќал кирија во истиот град отколку да живеам со моите после најкасно 22рата година.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18414 на: 06 Октомври 2025, 14:55:03 pm »
Ако купуваш ново возило со плата - ќе гледаш накај Дачиа Сандеро за 16-17 или Корола за 19990. Значи докај 200-220 евра рата макс.
Нема шо да глеаш накај 30-40. Не те занима таа категорија. Ја и со ново Сандеро би бил сосема среќен и се кладам дека  95% од времето ќе ми брка работа. Новко, новцато.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4287
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18415 на: 06 Октомври 2025, 16:00:34 pm »
Зошто да гледаш Дачија ако земаш 2-3к месечно.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18416 на: 06 Октомври 2025, 16:13:00 pm »
Моето гледиште се однесува на две просечни плати, според завод за статистика, односно две плати по 750 евра (1500 вкупно). Друг индикатор нема кај да погледнам.
Дали е таа реалната просечна плата не навлагам, глеам што е официјален податок.
А кога ќе размислам поубаво, веројатно само накај Дачиа Сандеро може да се гледа со просечна плата. Дури и Королата е скапа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18417 на: 06 Октомври 2025, 16:20:55 pm »
1000 евра е минимална потрошувачка кошница :) Така што освен половна кола, нова кола не би гледал.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 751
    • ibiz.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18418 на: 06 Октомври 2025, 18:33:50 pm »
1000 евра е минимална потрошувачка кошница :) Така што освен половна кола, нова кола не би гледал.

Со 2 деца иде накај 2000 просечно. Наравно 2-3 одмори годишно, шетање, сезонски работи,…

И дали е кирија или тековни одржување на куќа/стан си треба месечен буџет
Барем 10-15% од месечен приход
Кој има куќа постара од 30години знае

А како некои со помали плати се заглавуваат во кредити и нови џипови зимаат, без коментар

Според мене месечна рата за кола+одржување не треба повеќе од 15% од месечен приход

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5380
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18419 на: 06 Октомври 2025, 18:53:57 pm »
Sto ubavo e vaka tugji matematiki koa se pravat

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk