Преку Убер, Европа ќе се полни со кинески електрични коли
Компанијата за приватно таксирање Убер и кинескиот автомобилски гигант BYD планираат партнерство со кое ќе се распоредат 100.000 електрични возила на Кинезите во Европа и Латинска Америка. Кинезите нудат поволности околу цените, осигурувањето и финансирањето а почнаа да отвораат фабрики ширум светот.
На платформата за „цивилно такси“ Убер, во Европа и Латинска Америка наскоро ќе се најдат 100.000 електрични автомобили од кинескиот производител BYD.
Аранжманот ќе им понуди на возачите на Убер пристап до поволни цени, осигурување, финансирање и други услуги за возилата на BYD. Плановите предвидуваат проширување на партнерството и на Блискиот Исток, Австралија и Нов Зеланд.
Компаниите соопштија дека планот ќе помогне да се забрза транзицијата кон електрични возила и дека планираат да соработуваат и во воведувањето автономни електрични возила.
Рапидното појавување на електрични коли со ниски цени од Кина ја ремети глобалната автомобилска индустрија на ниво што не е видено откако Јапонците се појавија среде нафтената криза во 1970-тите.
Европската унија летово воведе високи давачки за кинеските електрични возила, тврдејќи дека државните субвенции им даваат нефер предност на пазарот. Кинеските автомобилски компании бараа од официјален Пекинг да ги дрмне конкурентите од Европската унија со контра увозни даноци.
Колите на BYD не се продаваат во САД, најмногу поради царините од 27,5% штом ќе дојдат на пристаниште. Но, кинеските производители го преместуваат производството во странство. BYD отвори фабрика во Тајланд и планира да гради фабрики во Бразил, Унгарија и Турција.
https://t.co/ocD3isNdD1Circling back на темата за кинески возила овде за да не спамаме под самите џипови во другата тема. На долг рок неизбежна е доминацијата на Кинезите низ Европските пазари каде полека, полека прават инфраструктура
Btw, текстот е преземен од офф.нет и не знам дали е дозволено да се сподели линк па затоа го објавив вака како текст
Додека пак „Stellantis“ ќе „убие“ брендови кои не заработуваат пари