Дека за другите да гласаш нешто ќе смени. Видовме 11 години како тие ја водеа државата па...
Јас апстинирам од гласање од 2017 навака би рекол. Нит имам волја ни желба нит надеж дека нешто ќе се смени, ниту очекувам.
Имаше некој елан 2016, бар така го перцепирав со млади луѓе да се мрдне од мртва точка, ама џабе е сè.
Капата на криво и то е то. Не вреди веќе ништо.
Имало некој елан во 2016? Велиш млади луѓе се кренале? Единствената работа за што се кренаа малдите (претежно студенти од УКИМ) на еден поголем протест пред тогашната власт беше Законот за високото образование, поконкретно воведување на државен испит за сите дипломци во Македонија (државни и приватни факултети). Почнаа да плачат дека имале многу испити и дека државата сакала да ги мачи со уште еден испит. Дибеци, па уште од УКИМ залетани. Тоа да заживееше, немаше Мерко, Славјански и др да продаваат дипломи, немаше Штулов и Тетовски да штанцаат толку дипломи, или ќе штанцаа ама немаше да го положат тој испит. Од младите се офајдија наркоманот Богоевски и Туфегиќ, што ги организираа младите да бојат, шараат, режим рушеле, со прирачник од Сорос.
Сакам да кажам, можеа за 100 работи да протестираат а они излегоа за еден факинг испит, а имаат по 35-36 испита во текот на (тогаш) 4 години.
Интелектуалата не можеше да ја прочита онаа дијабола Заев со компанија, што е спремна се да направи. Се палеа на СЈО, носеа маички, правда. Имаа само 1% издржани предмети, се друго беше политика за уцена на луѓе за промена на Уставот и попат бришење на се македонско.
Правдата изгледаше вака, еден пример, му доаѓаат на осомничен/обвинет со 2 пресуди напишани, ако признаеш ќе легаш 2 години, ако не признаеш ќе легаш 5 години, па ти бирај. (ова е за обичен смртник, не беше дечкото политичар, ниту пак некој тешкаш во финансиска смисла).
Дали стварно може да се каже дела било исто до 2016 и од 2016 наваму? Далеку од идеално дека било до 2016 година, ама гледаме што е изградено, колку фабрики се изградија, 2 автопата, а овие не можат да го завршат Блаце - граница во должина од 2 км. Имаше постапка и склучен договор со итлијанска фирма за нов клинички на место на постојниот, ама не, овие сега ќе градеа нов до тетово со 500 милиони евра (до ден денеска уште локација немаат утврдено), ама затоа ќе плаќаме пенали на италијанската фирма поради рањскинување на договор без основ.
Како можеше муртинецот да го фарба народот со глупости и такви лаги, секоја чест. Најгроморозно беше дека невини легаат за Смилковско, Груевски со службите бил вмешан, па шарените гниди вадеа муабети дека Трајко Вељановски бил вмешан во ликвидација на децата.
Личевме на држава до 2016, сега ни на протекторат не личиме, ни на колонија не личиме. Исто било, ку*ац исто било.