Колкава е казната за кривична пријава од малолетник до полнолетно лице поради тешки повреди (скршена вилица и останати фрактури)?
Пред сѐ парично.
Прво дали ќе ја прифатат кривичната пријава, однсно дали органот (МВР, ЈО) ќе смета дека има кривично дело. Па со која квалификација ќе оди, пр: Насилство, телесна повреда, тешка телесна повреда, Учество во тепачка и сл. Ако има кривично дело ќе си тераат службено, а после, врз основа на пресудата од тоа дело, ќе се бара оштета со приватна тужба во граѓанска постапка. Има опција и сега да се почне со тужба во граѓанска постапка ама товарот на докажување ќе биде на твоја страна и друго е кога ќе имаш кривична пресуда во рака.